Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Технологија
  • Живот

Нов ВИ-модел што размислува како човековиот мозок

Шеталиште 10/09/2025 12:58
vestacka-inteligencija

Наместо да градат сѐ поголеми и поскапи јазични модели со милијарди параметри, истражувачи од островската држава Сингапур решиле „да се потпрат на природата“ и да се обидат да создадат вештачка интелигенција што размислува како човековиот мозок. Нивниот експеримент, пишува порталот „Политика“ – не е само смел, туку и исклучително успешен – новиот систем успеал да ги надмине гигантите како „ГПТ“ (GPT) и „Клауд“ (Claude) во сложени задачи за расудување.

Се работи за тн. „Хиерархиски модел на расудување“ („ХРМ“ – ‘Hierarchical Reasoning Model‘), инспириран од начинот на којшто мозокот ги обработува информациите. Имено, додека денешните модели „ГПТ-4“, „ГПТ-4о“, „Клауд 3“, „Џемини“, „ЛЛаМА 3“ или „Дипсик Р-1“ зависат од огромни количини на податоци и милиони примери за учење, „ХРМ“ е изграден со само 27 милиони параметри и обучен на 1.000 примери, и без никаква претходна подготовка. И покрај неговата едноставност, се вели, сингапурскиот модел „се покажува како супериорен“ во однос на многу поголемите модели.

Резултатите, според научниот труд објавен на платформата „Архив“, се исклучително импресивни. На тестот АРЦ-АГИ, еден од најсложените индикатори за индуктивна интелигенција, „ХРМ“ постигнал точност од 40,3 отсто, додека „ГПТ-4“ и „Клауд 3,5“ не надминаа 21 насто.

Фактот дека зад проектот стои сериозен тим го потврдува и тоа дека поранешни истражувачи од „Гугл дипмајнд“, „Дипсик“, „Антропик“ и „ХАИ“ – работеле на новиот потфат, заедно со други научници од престижни универзитети, објави „Индекс“.

Основачот и извршен директор на новата компанија, Гуан Ванг објасни дека „идејата е да се почне од мозокот“, како природен модел.

– Денешните модели го користат тн. синџир на мисли, што всушност е трик заснован на веројатности. Почнавме од нула, инспирирани од мозокот, бидејќи природата го усовршува својот дизајн милијарди години. Нашиот модел размислува и заклучува како човек, наместо само да пресметува веројатности. Веруваме дека ова ќе ја достигне, а потоа и ќе ја надмине човечката интелигенција, нагласува Ванг.

„ХРМ“ е дизајниран да имитира два клучни мозочни центри: префронталниот кортекс, којшто е поврзан со апстрактното размислување, планирањето и контролата на импулсите, и базалните ганглии, одговорни за брзи, автоматски реакции и повторувачко донесување одлуки. На овој начин, овој модел комбинира бавно, стратешко размислување со брза, интуитивна логика – исто како човечкиот мозок.

Предноста на „ХРМ“ е особено евидентна во областите каде што податоците се ограничени, а точноста е клучна. Неговите креатори велат дека новиот модел би можел да се примени во здравството – во дијагностицирањето на ретки болести, каде што нема милиони примери, туку само мал број клинички случаи.

Во климатологијата, „ХРМ“, се вели, постигнал точност од дури 97 насто во сезонските прогнози. Благодарение на фактот дека бара мала количина компјутерски ресурси, моделот би можел да се користи и во роботиката, во реално време и во динамични, непредвидливи средини. Останува прашањето дали овој систем е првиот вистински чекор кон општа вештачка генеративна интелигенција (ВГИ) или е само една од фазите во истражувањето. Сепак, едно е јасно: Природата е одличен инженер, а моделите засновани на нејзините принципи може да бидат најреалниот пат до машини коишто не само што ќе ја имитираат човековата интелигенција, туку можеби дури и ќе ја надминат, сметаат познавачи.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Kолачи од урми и морков
Следно: ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Поврзани вести

uslugi-gov-mk
  • Технологија

Рекордна употреба на националниот портал за електронски услуги: Поднесени над 27 илјади барања во септември

Шеталиште 01/10/2026 07:47
viber-pexels-darina-belonogova-8373959
  • Технологија

Нова услуга од Viber: Бесплатно испраќање и примање пари преку апликацијата

Шеталиште 17/09/2026 10:51
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 1
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 3
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 4
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 5
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани