Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Нов закон за семејството: Полнолетните посвоеници добиваат право на увид во своето потекло

Шеталиште 04/11/2026 11:16
dokumenti-1024x578

Група пратеници поднесоа предлог за измена на Законот за семејството, со кој конечно се отвораат строго чуваните досиеја за посвојувањата. Измените доаѓаат по пресудата на Европскиот суд за човекови права, кој утврди дека досегашната апсолутна тајност ги крши човековите права. Според новиот предлог, полнолетните посвоеници ќе добијат право на ограничен увид во своето потекло, а за секое барање индивидуално ќе одлучува нова стручна комисија.

Долги години, податоците за заснованите посвојувања во земјава претставуваа апсолутна службена тајна. Системот не дозволуваше никаков исклучок, дури ни кога информациите беа потребни од сериозни медицински причини. Пресвртот се случи откако Европскиот суд за човекови права во 2024 година донесе пресуда во предметот „Митревска против Северна Македонија“. Судот во Стразбур утврди дека домашните институции го прекршиле правото на приватен живот (член 8 од Европската конвенција), бидејќи слепо ја применувале законската забрана без да ги измерат различните интереси.

Новиот предлог-закон не значи дека досиејата стануваат јавни за сите. Тајноста останува основно правило, но се воведуваат јасни исклучоци. Министерот за социјална политика треба да формира Стручна комисија која ќе постапува по сите барања за увид.

Ова тело ќе прави индивидуална проценка за секој конкретен случај. Комисијата ќе мора да најде баланс меѓу правото на посвоеникот да го знае сопствениот идентитет и правото на приватност на биолошките родители и другите засегнати страни. Оваа промена е особено важна за луѓето кои со децении безуспешно се обидуваат да ги најдат своите биолошки корени низ лавиринтите на институциите.

Законот предвидува три конкретни ситуации за отворање на списите. Прво, полнолетниот посвоеник добива право на ограничен увид во својот предмет. Второ, посвоителите на малолетно дете можат да побараат пристап доколку постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на детето.

Третата ситуација ги опфаќа биолошките сродници. Крвните роднини во прв и втор степен ќе можат да добијат информации од досието, но исклучиво доколку претходно обезбедат изречна согласност од самиот полнолетен посвоеник. Надлежното министерство има рок од шест месеци да ги пропише точните мерки за заштита на личните податоци и начинот на работа на комисијата. За спроведување на овие измени нема да бидат потребни дополнителни средства од државниот буџет пренесува трн.

Continue Reading

Претходно: Клиниката за детски болести: „Трикафта“ обезбедена за 126 пациенти со цистична фиброза во Македонија
Следно: „Ниту еден денар повеќе“ – Јошевски со лична гаранција за понудата на МИНТ за клиентите на Алта банк

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45
Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 2
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 3
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 4
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 5
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани