НАЈНОВО

ВестиСвет

Нов силен земјотрес во Турција од 7,7 степени (ВИДЕО)

Втор земјотрес ја погоди југоисточна Турција, со епицентар во близина на градот Кахраманмарас, пренесе Би-би-си.

Според првичните информации, магнитудата е 7,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил во истото подрачје како и утринава земјотресот од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил во областа Елбистан Кахраманмараш.

Околу 10 минути подоцна е регистриран и земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

„Знаеме дека е тешко да се следи, но по синоќешниот земјотрес од 7.8 во Турција штотуку следуваше еден од (прелиминарно) 7,7 пред 20 мин. Тоа ќе ја зголеми штетата и дополнително ќе ги искомплицира напорите. Нашите мисли се со сите засегнати луѓе и нивните најблиски“, напиша на Твитер Независната научна организација, која дава информации за земјотреси во реално време.

Американскиот геолошки институт соопшти дека ја измерил јачината на земјотресот од 7,5 степени.

Поврзани новости