Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Нов трет случај на конго-кримска хеморагична треска регистриран во земјава

admin 14/08/2023 00:00
uploads_thumbs_resize_800x420_595625

Трет заболен од Конго – кримска хеморагична треска во Македонија.

42- годишен Велешанец во саботата е хоспитализиран на Инфективна, откако 5 дена имал покачена температура, главоболка и малаксаност. Болеста лабораториски е потврдана во ИЈЗ. Директорката на Клиниката вели дека пациентот е во стабилна состојба и засега нема потреба од третман со Рибавирин.

– Лабораториски анализите беа со намалени тромбоцити во текот на вчерашниот ден, но со соодветна супституција. Ние ова го третираме мултидисциплинарно во консултација со колегите од транфузиологија. Денешните анализи се уредни, но тоа не значи дека нема да имаме тек и развој на болеста, се надеваме поволен, како што беше и кај претходната пациентка, рече д-р Миелна Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.

Овој случај не е поврзан со претходните два, Штипјанката која почина и болничарката од Инфективна. Претпоставките се дека Велешанецот можно е да се заразил на рибарење покрај Вардар. Тој не дал податок дека бил каснат од крлеж.

-Има една рана што може да биде каснување на крлеж, но тој самиот не е свесен дека бил каснат, рече директорката на Инфективната клиника.

Под медицински надзор се членовите на неговото семејство како и 5 здравствени работници од Болницата во Велес кои биле вклучени во првичниот третман. Во следењето на Конго-кримската хеморагична треска во овие делови од земјава освен епидемиолозите вклучени се и ветеринарните служби и Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Тие се на терен во смисла на заловување инсекти и нивно испитувања понатаму, рече д-р Стевановиќ.

Покрај лицата кои почесто престојуваат во природа под ризик од овој вид на треска се и здравствените работници кои доаѓаат во контакт со заболени.

Болничарката од Инфективна е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат компликации.

Освен преку заразен крлеж, Конго – кримска хеморагична треска може да се пренесе и преку недоволно обработено млеко и месо од заболени животни.

Continue Reading

Претходно: Исплатени 58,9 милиони денари дополнителна поддршка за 1.925 регистрирани земјоделци
Следно: МТСП: Сите барања ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки

Поврзани вести

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 1
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 3
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 4
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 5
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09

Можеби сте пропуштиле

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани