Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Обвинителите против запирање на растот на платите – добиваат од 1500 до 2100 евра, но велат дека се најниски во регионот

Шеталиште 25/02/2026 13:49
paridenari10-1

Пред да започне расправата во Собранието за законските измени со кои се спречува понатамошното зголемување на платите на функционерите, Здружението на јавни обвинители побара од пратениците точката да се повлече од дневниот ред и предлогот подетално да се разгледа. Тие посочуваат дека интервенцијата е спротивна на законот и претставува ризик за независноста на функцијата преку економски притисок.

Обвинителите нагласуваат дека се свесни за сложената економска состојба во земјата, но потсетуваат дека предложените измени се косат со Законот за плати на јавните обвинители.

– Јавните обвинители вршат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичното гонење, и тоа без соодветни материјални услови и без доволна професионална поддршка. Додатоците предвидени со закон за сложеноста на работата со години не се исплаќаат поради недостиг на средства во Буџетот-велат од Здружението на Јавни обвинители.

Од Здружението направиле и споредба на платите на обвинителите во земјава со оние во регионот, при што посочуваат дека во Македонија платите се движат од 1.500 до 2.100 евра и се најниски во споредба со соседството. Според нивните податоци, во Србија платите се од 1.600 до 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 до 4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, додека во Бугарија просечно изнесуваат околу 3.000 евра плус годишен бонус.

– Функцијата јавен обвинител е неспоива со вршење каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствениот приход за обвинителите и се движи во интервал од минимум, помалку од 90.000 до максимум 130.000 денари. Со овие износи, платите на обвинителите се апсолутно најниски во регионот, а со другите европски земји воопшто не може да се споредуваат-велат од Здружението на Јавни обвинители.

Од Здружението потсетуваат и дека Уставниот суд веќе има отворено постапка за оценување на уставноста на претходните измени на овој закон, со кои беа намалени коефициентите и ограничен растот на платите. Предупредуваат на можни штетни правни последици доколку се усвојат нови измени пред да биде донесена конечната одлука на Уставниот суд, оценувајќи го актуелниот предлог како противуставно и незаконско решение пренесува тв21.

 

 

Фото: Архива

 

Continue Reading

Претходно: Проданоски: Европските фондови се шанса за забрзан развој на Прилеп
Следно: Пензионерите во странство останаа без линеарното зголемување на пензиите, одлучи Уставниот суд

Поврзани вести

nafta-1
  • Економија

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори

Шеталиште 09/10/2026 05:59
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани