Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Шеталиште 02/07/2025 13:59
Osnoven Krivicen Sud Skopje

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.

Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение кој по примерот ќе го достави актот до обвинетите по што започнува Законскиот рок за приговор на истиот.

-По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена за исходот странките и јавноста, ќе биде навремено известени, стои во соопштението од Кривичен суд.

Оттаму потсетуваат дека Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлог на Апелациониот суд Штип, донесе одлука Основниот кривичен суд Скопје да биде надлежен за постапување по конкретен предмет, поради недоволен број кривични судии во судовите во Штип и Струмица. Одлуката е донесена врз основа на анализа на кадровските и техничките капацитети, како и сложеноста и јавниот интерес на предметот и во неа се нагласува потребата од искусни судии кои ќе обезбедат ефикасно, стручно и законито постапување.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Во пожарот што се случи на 16 март годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.
Фото: МИА архива 

Continue Reading

Претходно: Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите
Следно: Млечните производи, благото и зачинетата храна може да предизвикаат кошмари

Поврзани вести

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Русија се враќа на Венера venera-planeta 1
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 2
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 3
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 4
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30
Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат sedloski-press-001-1536x1044 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат

16/03/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани