Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Обележани 80 години од основањето на Обединетите нации, потврдена посветеноста на мултилатерализмот и глобалниот мир

Шеталиште 07/11/2025 16:06
Timco-Mucunski

Во Музејот на град Скопје денеска беше одбележан Денот на Обединетите нации, настан организиран во соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Канцеларијата на Обединетите нации во земјата.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбиа заеднички ја потврдиле посветеноста кон принципите на Повелбата на ОН и кон продолжување на соработката во насока на зајакнување на институциите, унапредување на човековите права, заштита на животната средина и исполнување на Агендата 2030 за одржлив развој.

– Овогодинешното одбележување има за цел да ја потсети меѓународната заедница на потребата од зајакнување на меѓусебната доверба и солидарност, особено во време на бројни предизвици што го засегаат секој дел од светот. По тој повод, Република Северна Македонија ја реафирмира својата посветеност на принципите и вредностите на Повелбата на Обединетите нации, на унапредувањето на човековите права, одржливиот развој и мирот, како и на континуираното партнерство со системот на ОН во земјата, велат од Министерството.

Министерот Муцунски нагласил дека како земја членка на Обединетите нации ја потврдуваме цврстата верба во мултилатерализмот, во меѓународното право и дека глобалните предизвици можат да се решаваат само заеднички.

Нагласил дека државата останува посветена на глобалните процеси и ќе продолжи да ги промовира клучните вредности на Обединетите нации и да биде доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели – унапредување на човештвото, мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста.

– Честитајќи го овој ден, уверувам дека остануваме посветен и доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели на Обединетите нации, рекол Муцунски.

Фото: Министерство за надворешни работи

Continue Reading

Претходно: Лажни полициски инспектори се обидуваат да изнудат пари од граѓани на Охрид
Следно: Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани