Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
rade-siljan

По повеќе од половина век посветеност на поетската реч, еден од најистакнатите македонски поети на XX и XXI век, Раде Силјан, почнува нова творечка фаза во својата поезија. Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ ја објави неговата нова поетска книга „Пајажина“ – стихозбирка што се доживува и интерпретира како ново поглавје од поетската историја на нашата стварност.

– Во време кога катаден, одново, „Историјата наша / Посестрима на болката / Во векот од Бога даден / Ни отвора лути рани“, оваа поетска книга на Раде Силјан е настан за македонската книжевност, бидејќи „Блажен е зборот / На поетот буден / Во неговата песна“. А Силјан е постојано буден поет на нашата современост и оваа негова книга, всушност е најново поглавје од поетската историја на нашата стварност што тој ја (за)пишува повеќе од половина век. Но, за разлика од претходните негови поетски книги во коишто покрај јанѕите, речиси пророчки доминираат стравувањата, прашањата и опомените, во стиховите настанати во денови на загриженост дека „Во суден ден / И погано време / Ќе ги столчат и зборовите / За да се сотре семето / И да го снема племето“, доминантни се констатациите и поетските слики за веќе остварените поетски пророштва и за сторените грешки на родот што не ги разбра до крај опомените од претходните фази на неговото поетско промислување на суштината на времето што го живее(в)ме, истакнува меѓу другото во рецензијата, Иван Антоновски, упатувајќи на стихови на Силјан поместени во книгата.

„Пајажина“, се наведува во соопштенито од издавачот, содржи над седумдесет песни од новата творечка фаза на Силјан, при што забележлива е авторската строгост во изборот на песните и настојувањето книгата да има јасен концепт и внатрешна „и организираност што се препознатливи за овој поет. Како што е нагласено и во рецензијата, оваа стихозбирка не е само продолжение, туку е и нова вредност на посебниот силјановски вид македонска родољубива поезија и треба да биде прочитана од сите што стравуваме дека „Ќе разберат ли потомците / Зошто во животот трнлив / Место факел на векот / Развеавме шарени лаги.“

– Оваа поетска книга е и книжевно наследство за нашите внуци – исклучително вредно поетско сведоштво од времето во коешто се прашуваме Дали црн ѓавол / Се всели во луди глави / Или човекот безбожник / Ни вети лажни думи / И за векутума века / Нè бележи со знак пален / При свето име / Да живееме без име“, порачува Антоновски, цитирајќи и стихови на Силјан.

Раде Силјан (1950) е поет, критичар, есеист, книжевен истражувач, преведувач и антологичар. Автор е на 23 стихозбирки. Добитник е на највисоките признанија за поезија кај нас: наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Носител е на државните награда „11 Октомври“ и „Свети Климент Охридски“ за животно дело во областа на уметноста. Поезијата на Раде Силјан во посебни книги е преведена на англиски, руски, грчки, турски, италијански, бугарски, српски, унгарски, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, албански и бошњачки јазик. Добитник е на високи меѓународни признанија за поезија. Во два мандати беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а влогот во македонскта култура го остварува и преку издаваштвото, и како основач на првата издавачка куќа во самостојна Македонија – „Матица македонска“.

Извор: МИА

Фото: Постер 

Continue Reading

Претходно: УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
Следно: Вардар 1961 го победи Е.Пелистер во Битола (Видео)

Поврзани вести

prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани