Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година

Шеталиште 20/06/2025 11:07
20250620125702_big_730x400_20

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.

Првата мерка е за финансиска поддршка во рибарството:

Потточка 1.6 – Дополнителна заштита на рибите во риболовните води:

– до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони;

– до 150.000 денари за заштита на риболовни зони;

– до 400.000 денари за заштита на риболовни подрачја.

Средствата од Потточка 1.6, се наведува во соопштението од МЗШВ, се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите.

Потточка 1.7 – Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води (до 30.000 денари).

Средствата од Потточка 1.7 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за набавка на опрема за видео надзор на риболовните води.

Потточка 1.8 – Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина (до 60.000 денари).

Средствата од Потточка 1.8 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за изведување на акции за чистење на препреки и отстранување на цврстиот отпад од и до риболовните води.

Право на користење на овие средства за мерката 1 имаат концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов.

Од мерката 2 за финансиска поддршка во аквакултурата:

Потточка 2.2 – Финансиска поддршка за порибителен материјал (50% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок).

Средствата од Потточка 2.2 се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 10 февруари до 31 мај и од 1 јули до 31 октомври 2025 година.

Право на користење на овие средства од Потточка 2.2 имаат:

– Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет дување на рибникот.

Мерката 4 е за развој на нови пазари и промотивни кампањи:

Потточка 4.1 – Финансиска поддршка за промоција на рибарство.

Средствата од Потточка 4.1 се наменети за надомест на трошоци за промоција на производи од рибарство за традиционална посебност.

Право на користење на овие средства од Потточка 4.1 имаат рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби.

– Потточка 4.2 – Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство

Средствата од Потточка 4.2 се наменети за надомест на трошоци за промоција и маркетинг на аквакултурното производство и спроведување на национални кампањи за промоција и маркетинг за производи од аквакултура.

Право на користење на средства од Потточка 4.2 имаат субјекти регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството и/или организации на производители запишани во Регистарот на организации на производители кој се води во Министерството.

Министерството ги повикува сите заинтересирани субјекти да се запознаат со деталните услови и критериуми утврдени во Јавниот повик и навремено да ги достават своите барања.

Continue Reading

Претходно: Еве како без стрес со деца на летување – понесете ги овие 5 лекови за да нема ризик
Следно: Во Битола се одржа работилница „Работникот во фокусот на праведната транзиција“

Поврзани вести

sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
reka
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

Шеталиште 16/02/2026 08:14
dozd-scaled
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

Шеталиште 16/02/2026 08:02
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија sobranie 1
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

16/02/2026 08:16
УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање reka 2
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

16/02/2026 08:14
Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег dozd-scaled 3
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

16/02/2026 08:02
До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата 11112014111409_zimska-oprema 4
  • Македонија

До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата

16/02/2026 08:00
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

15/02/2026 09:39

Можеби сте пропуштиле

sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
reka
  • Македонија

УХМР: Исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање

Шеталиште 16/02/2026 08:14
20260216083504_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хередитарна спастична параплегија/Стрампел-лореинова болест

Шеталиште 16/02/2026 08:11
dozd-scaled
  • Македонија

Променливо облачно, од утре заладување со нови пообилни врнежи од дожд и снег

Шеталиште 16/02/2026 08:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани