Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Ова важи за најздравиот појадок во сите земји на светот: Го регулира шеќерот, ги празни цревата и ги симнува килограмите

admin 30/08/2023 00:00
image_0.jpeg

Ако се сомневате дали ќе ве засити, мора да ги прочитате овие рецепти

Овесната каша е најздравиот појадок на светот, се согласуваат нутриционистите. Но тука не се мисли на овесни снегулки со додатоци, туку на вистинска, старинска од овес или зоб, житарки од цело зрно.

Диететичарката Бет Червони има само пофални зборови за појадокот што содржи овес.

„Овесната каша е преполна со протеини и диететски влакна – две важни работи кои му се потребни на нашето тело.“

Половина шолја овес содржи:
Манган: 64% од препорачаната дневна количина.
Бакар: 18% од препорачаната дневна количина.
Витамин Б1: 16% од препорачаната дневна количина.
Магнезиум: 13% од препорачаната дневна количина.
Фосфор: 13% од препорачаната дневна количина.
Цинк: 13% од препорачаната дневна количина.
Железо: 10% од препорачаната дневна количина.
Витамин Б5: 9% од препорачаната дневна количина.
Кога ќе го погледнете овој список, ќе ви стане јасно зошто овесната каша важи за најздравиот појадок.

3 причини зошто секое утро треба да појадувате овесна каша
1. Го намалува холестеролот

Истражувањата покажуваат дека една чинија овесна каша дневно може да го намали нивото на целокупниот холестерол и лошиот холестерол што ги затнува артериите.

2. Го регулира шеќерот

Овесот содржи многу влакна, познати како бета-глукан. Освен што дејствува на холестеролот, бета-глуканот, исто така, може да ја забави апсорпцијата на глукоза (или шеќер) во крвта.

Откако ќе ги изедете овесните снегулки, бета-глуканот се разложува во раствор сличен на гел што ги обложува цревата. Тој дебел слој природно ја намалува брзината со која шеќерот влегува во крвотокот.

3. Одлична е за слабеење

Кога ќе изедете овесна каша, чувството на ситост трае долго, што значи дека нема да грицкате меѓу оброците, а тоа значи помалку килограми.

Приготвување појадок
Најдобро би било овесот да отстои некое време во вода, околу 5 часа. Процедете го, па варете го околу половина час. Така сварениот овес може да го комбинирате со солени и слатки јадења.

Ако му додадете сирење и сланинка – ќе добиете појадок што ќе ве наполни со енергија.

Ако во овесот додадете овошје и мед – ќе добиете совршено здрав, сладок појадок.

Изборот е ваш.

Continue Reading

Претходно: Пожарот во Грција е најголемиот досега регистриран во ЕУ, зафатил површина поголема од Њујорк
Следно: Доларот паѓа, цената на нафтата порасна

Поврзани вести

roboti
  • Живот
  • Технологија

Самоуправувачки рoботи во меѓународна воена вежба во Јапонија

Шеталиште 13/01/2026 16:46
Jajce-kletka
  • Живот
  • Здравје

Научниците успеаја да подмладат човечки јајце-клетки – повеќе шанси за успех на ин-витро оплодувањето

Шеталиште 12/01/2026 13:55
elektricni-avtomobili
  • Живот
  • Автомобили

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични

Шеталиште 03/01/2026 09:26
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„ОНЕ Македонија“ доби лиценца да работи како трет мобилен оператор 2v7a6527-800x450 1
  • Македонија

„ОНЕ Македонија“ доби лиценца да работи како трет мобилен оператор

23/01/2026 13:30
Утре концерт на Раде Шербеџија и бендот “Западни колодвор” во Битола FB_IMG_1769166744910 2
  • Битола инфо

Утре концерт на Раде Шербеџија и бендот “Западни колодвор” во Битола

23/01/2026 11:12
Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат policija-1 3
  • Македонија

Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат

23/01/2026 09:00
Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м magla-1 4
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

23/01/2026 08:16
Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39

Можеби сте пропуштиле

2v7a6527-800x450
  • Македонија

„ОНЕ Македонија“ доби лиценца да работи како трет мобилен оператор

Шеталиште 23/01/2026 13:30
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (23.01.2026)

Шеталиште 23/01/2026 12:33
FB_IMG_1769166744910
  • Битола инфо

Утре концерт на Раде Шербеџија и бендот “Западни колодвор” во Битола

Шеталиште 23/01/2026 11:12
naslovna
  • Промо

MINT Финтек Групација со над 3 милиони денари поддршка за заедницата во 2025 година

Шеталиште 23/01/2026 09:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани