Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Овој ден ќе му помогне на секој верник – ја славиме иконата на Пресвета Богородица Троеручица

Шеталиште 25/07/2025 13:50
bogorodica-555x460

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му беше отсечена десната рака. Но, Јован измоли од калифот да му ја дадат отсечената рака, и, откако ја доби, се молеше пред оваа икона на Пресветата Богомајка за исцеление. Молејќи се долго пред иконата, Јован заспа пред неа. На сон му се јави Богомајката и му ја врати отсечената рака на нејзиното место, оставајќи само видлива лузна на кожата, на местото каде што беше пресечена, како сведоштво за чудото. Од благодарност за исцелението, светиот Дамаскин направи рака (поточно дланка) од сребро и ја додаде на иконата, која од тогаш е наречена „Троеручица“ (или „Трирачица“). Кога го виде тоа, калифот сфати дека Јован бил лажно обвинет и сакаше да го задржи на претходното место каде што службуваше, но Јован одбра да замине во манастир и отиде во лаврата на свети Сава Освештен, помеѓу Ерусалим и Мртвото море, каде што се замонаши, а со себе постојано ја имаше оваа чудотворна икона на Пречистата Богомајка. Светиот Сава Освештен им имаше оставено завет на своите монаси, неговиот игуменски стап и неговата икона наречена „Млекопитателка“ (или „Млекохранителка“) монасите да му ја дадат на оној монах кој ќе дојде да се поклони во лаврата многу години после смртта на свети Сава Освештен, а кој ќе го носи истото име – Сава, и при чие доаѓање ќе се придвижи игуменскиот стап. Пред својата смрт, светиот Јован Дамаскин кон овој завет ја приложи и иконата Троеручица да биде предадена заедно со останатите работи. Очекуваното знамение се случи во XIII век, кога во лаврата дојде свети Сава, првиот Српски архиепископ, и при неговото доаѓање се придвижи игуменскиот стап на светиот Сава Освештен. Така, свети Сава во Србија ги донесе двете икони и игуменскиот стап. Од тогаш иконата Троеручица се чуваше во дворецот на Српските владетели. Кога Српскиот цар Душан беше крунисан во Скопје, се смета дека и иконата Троеручица беше донесена во Скопје, каде што остана до крајот на XIV век, кога беше пренесена во манастирот Студеница, во централна Србија. Во XV век, овој манастир стана мета на нападите на турските освојувачи, па монасите се решија оваа икона да ја заштитат со тоа што ќе ја препуштат на Божјата волја. Ја ставија на едно магаре и го оставија само да оди. Магарето го помина целиот пат преку Србија и Македонија и стигна до Света Гора, пред манастирот Хиландар. Хиландарските монаси со радост ја дочекаа иконата и свечено ја внесоа во манастирскиот соборен храм на Воведението Богородично. Подоцна, кога во Хиландар настана спор околу изборот на игумен, светата Икона Троеручица самата на чудесен начин дојде на игуменскиот трон. Отците, мислејќи дека некој таму ја донел, ја вратија во олтар, но ова се повторуваше трипати, и тие сфатија дека е тоа е волјата на самата Пресвета Богородица, па ја оставија на игуменското место, каде што стои до ден денес. Таа се смета за игуманија Хиландарска, и не се бираат други игумени, туку само проигумени (односно заменици). И денес, сите монаси од иконата земаат благослов за сите служби и за сите работи во манастирот. По молитвите на Пресветата Владичица наша Богородица Господ нека нè помилува и спаси. Амин.

Continue Reading

Претходно: Србија: Преминот Прешево ќе се проширува, ќе има 23 ленти
Следно: Големо дефиле на Широк Сокак: Со песни и игри низ битолските улици на 55. Илинденски денови

Поврзани вести

sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
soncevoo
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Шеталиште 17/04/2026 06:14
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 1
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 2
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 3
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20
Променливо облачно со сончеви периоди soncevoo 4
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

17/04/2026 06:14
Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени 20260416124039_big_730x400_41 5
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

16/04/2026 12:20

Можеби сте пропуштиле

360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23
sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
nafta-1
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

Шеталиште 17/04/2026 07:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани