Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Оган на плоштадите во Европа – горат министерства во Тирана, 1.300 уапсени во Париз, армијата влезе во Милано

Шеталиште 26/10/2026 10:06
image (13)

Стариот континент се наоѓа пред тотален социјален и политички колапс откако невиден бран од народни протести и крвави улични војни ги зафати метрополите во најмалку 12 европски држави! Експлозијата од народно незадоволство поради застрашувачката скапотија, неконтролираните кирии, кратењето на буџетите за образование и воените политики на владите ескалираше во неконтролиран хаос, палење владини згради и крвави пресметки со полицијата. Според шокантното истражување на шпанскиот весник „Ел Паис“, во период од само еден месец се регистрирани дури 177 масовни протести, а дури 80 отсто од нив се случиле во Франција, Шпанија, Италија, Португалија и Белгија.

Најдраматично и најкрваво е во соседна Албанија, каде што Тирана веќе речиси две недели е во тотална опсада, а граѓаните бараат итна оставка од премиерот Еди Рама. За време на викендот, бесните демонстранти го запалија влезот во Министерството за земјоделство, а огнот брзо се прошири и кон Министерството за животна средина и градската управа на Тирана. Централните улици се претворија во вистинско бојно поле – се поддигаа барикади од запалени контејнери и ископани тротоари, оддекнуваа експлозии од Молотови коктели и опасна пиротехника, додека специјалните полициски сили узвратија со жестоки канонади од солзавец, водени топови и гумени куршуми. Во неделните судири беа разбиени и прозорците на албанскиот парламент, додека Рама категорично одбива да се повлече.

Вистинска воена состојба владее и низ цела Франција. Според официјалните податоци на француското МВР, над 410.000 луѓе излегоа на 289 протести низ земјата, додека синдикатите тврдат дека бројката достигнала шокантни 800.000 демонстранти. Режимот на Емануел Макрон мобилизираше застрашувачка армија од дури 70.000 полицајци и жандарми за да ги спречи масовните грабежи и палења. И покрај тоа, во Париз и Марсеј избија брутални пресметки – за само еден ден беа уапсени дури 1.314 лица, демолирани се и опљачкани 24 продавници, а на улиците се вратија и озлогласените „Жолти елеци“ кои заедно со студентите и работниците најавуваат тотална блокада на државата и генерален штрајк за 5 ноември пренесува вечер.

Драматично е и во Италија, каде што Владата на Џорџа Мелони мораше да изнесе дополнителни полициски и воени сили во Рим, Торино, Болоња и Милано за да ги заштити институциите од гневот на граѓаните кои протестираат против високите трошоци за живот и засилените воени издатоци. Во Милано дури 500 војници ги патролираат улиците, додека стотици дуќани превентивно ги затворија вратите од страв од вандализам. Улични барикади од електрични тротинети и сообраќајни знаци гореа и во срцето на Брисел под солзавецот на белгиската полиција, во Португалија специјалците со палки ги растураа шторските кампови на подстанарите во Лисабон и Порто, а повеќе од 25.000 луѓе маршираа во Мадрид. Слични масовни собири против воените буџети, скапите студии и високите кирии веќе ги тресат и Берлин, Виена, Атина, Даблин и Амстердам.

Continue Reading

Претходно: Николоски: Преку 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10
Следно: Жолт аларм во Македонија поради силен ветер

Поврзани вести

Screenshot_20261113_070138_Chrome
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Матеј Гаштаров: „Кога го носиме дресот на Македонија, не’ треба да бараме посебна мотивација, ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме“

Димитар Петковски 13/11/2026 06:07
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Свет

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја

Шеталиште 09/11/2026 09:27
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Силниот ветер предизвика штети на повеќе локации во Битола Силниот ветер предизвика штети на повеќе локации во Битола 1
  • Вести
  • Битола инфо

Силниот ветер предизвика штети на повеќе локации во Битола

13/11/2026 13:05
Паркот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби нов лик – уреден простор за спорт, рекреација и одмор FB_IMG_1794571967957 2
  • Прилеп инфо

Паркот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби нов лик – уреден простор за спорт, рекреација и одмор

13/11/2026 12:34
Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија Screenshot_20261113_075054_Chrome 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

13/11/2026 11:36
Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура

Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција

13/11/2026 11:36
Градоначалникот Коњановски дециден: Битола се гради а делата го потврдуваат тоа Градоначалникот Коњановски дециден: Битола се гради а делата го потврдуваат тоа 5
  • Вести
  • Битола инфо

Градоначалникот Коњановски дециден: Битола се гради а делата го потврдуваат тоа

13/11/2026 10:22

Можеби сте пропуштиле

Силниот ветер предизвика штети на повеќе локации во Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Силниот ветер предизвика штети на повеќе локации во Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 13:05
FB_IMG_1794571967957
  • Прилеп инфо

Паркот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби нов лик – уреден простор за спорт, рекреација и одмор

Шеталиште 13/11/2026 12:34
Screenshot_20261113_075054_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Димитар Петковски 13/11/2026 11:36
Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура

Ново поглавје во културната соработка помеѓу Битола и Франција

Васка М.Младеновска 13/11/2026 11:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани