Огромни редици на граничниот премин Богородица покажува во моментов камерата во живо на Јавното претпријатие за државни патишта.
Радио „Лидер“ пак јавува дека од свои извори има информација дека за влез во Македонија се чекало и по 6 часа.
Од наши извори пак дознаваме дека и на грчките плажи има многу народ и дека е тешко да се најде паркинг за плажи кои се попатни и кои обично важат за најубави.