Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Одбележана годишнина од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Воената гимназија во Битола

admin 13/03/2023 00:00
529370-0.basic-godishninaataturk-3

Претставници на армиите на Македонија и на Турција, Турската амбасада во земјава, македонското Министерство за одбрана и Општина Битола, со свечена церемонија одбележаа 124 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во некогашната Воена гимназија во Битола.

Поклонувајќи се пред бистата на Мустафа Кемал Ататурк што се наоѓа во Спомен собата на Ататурк во битолскиот Музеј, турскиот воен аташе полковник Серкан Чакар истакна дека Мустафа Кемал Ататурк има огромно влијание во минатото кое денес е видливо во меѓусебните односи на двете држави, и на постоечките мостови на кои што се градат нови мостови на пријателство, додека пак турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секискок нагласи дека Воената гимназијв во Битола има посебно место во турската историја затоа што како што рече од март 1896 година Ататурк се образуваше во Битола и тука е основата на неговите идеи.

Пред аудиториумот во битолскиот Музеј, објект на некогашната Воена гимназија, заменик началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Азим Нуредин изрази жалење за настраданите од неодамнешниот земјотрес во Турција и потсети на меѓусебната поддршка и соработка на вооружените сили на двете земји.

– Оваа година никогаш нема да ја заборавиме нити ќе го преболиме 6 февруари кога се случи страшна трагедија со неизмерливи и тешки последици по граѓаните од Катармармараш и други провинции што беа погодени со катастрофалниот земјотрес. Тој период нашиот сојузник и вечен пријател се соочи со катастрофа за која искрено жалиме и сочувствуваме со сите кои ги загубија своите животи, ги загубија своите најмили, како и со повредените и со лицата што останаа без своите домови. Ова пријателство не е само формално, туку од секогаш било взамено и искрено. Оваа врска меѓу Македонија и Турција ја почна Мустафа Кемал Ататурк уште во 1896 година кога се запиша во Воената гимназија во Битола. Зачетокот на ова партнерство низ годините преминува во континуиран процес на билатерална соработка меѓу вооружените сили на Република Македонија и на вооружените сили на Република Турција и притоа Турција значително придонесува за развој и модернизација на нашата Армија. Нашите држави во континуитет негуваат блиски и пријателски односи без отворени прашања со долгогодишна конструктивна соработка и взаемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Како извонреден промотор на начелото за разбирање помеѓу народите и трајниот мир меѓу светските нации, Кемал Ататурк работеше цел живот за развој, хармонија и соработка меѓу народите без разлика на нивната боја, религија и раса. Денес сме сведоци дека без мир и разбирање нема напредок, стабилност и успех, истакна Нуредин.

Пред бистата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола цвеќе положија заменик министерот во Министерството за одбрана Тирон Јајага, градоначалникот Тони Коњановски, претставници на јавниот живот во градот и здруженија на граѓани кои го негуваат македонско-турското пријателство и соработка.

Continue Reading

Претходно: СВР Битола: Приведен битолчанец, при претрес пронајдени повеќе видови дрога
Следно: Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот

Поврзани вести

bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
Pece-Milevski
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

Шеталиште 18/11/2025 08:11
Screenshot_20251117_211921_Facebook
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

Димитар Петковски 17/11/2025 20:19
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила bardi-pres-2-1536x1052 1
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

18/11/2025 11:31
Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра Pece-Milevski 2
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

18/11/2025 08:11
Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф Screenshot_20251117_211921_Facebook 3
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

17/11/2025 20:19
Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата 581942546_861911069678442_8545183690636481806_n 4
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

17/11/2025 16:15
УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер dozd 5
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

17/11/2025 16:05

Можеби сте пропуштиле

bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
horoskop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (18.11.2025)

Шеталиште 18/11/2025 08:14
Pece-Milevski
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

Шеталиште 18/11/2025 08:11
1
  • Култура
  • Настани

Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов“ на 7 март во арена „Борис Трајковски“

Шеталиште 18/11/2025 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани