Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Одбележани 59 години од смртта на Милтон Манаки

admin 05/03/2023 00:00
tz4wd-fffff-3

Во организација на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“, на Влашките гробишта во Битола, денес се одржа чествување по повод 59 години од смртта на Милтон Манаки. Во чест на на првиот снимател на Балканот, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставниции на Советот на општината, како и други делегации – претставници на институции и асоцијации кои го негуваат делото и творештвото на Браќата Манаки.

Градоначалникот Коњановски, за идната година, најави повеќе активности, кои ќе се реализираат во чест на Милтон Манаки:

„Се собравме да одадеме достојна почит на еден од великаните на кинематографијата и зачетоците на кинематографијата на Балканот. Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки, биле дел од историјата на градот. Затоа, заедно тука се договоривме, идната година, кога се навршуваат 60 години од смртта на Милтон Манаки, подостоинствено да го одбележиме тоа, за што се договоривме да формираме Иницијативен одбор кој ќе се погрижи за одбележувањето, затоа што навистина, на вакви великани, Битола, треба достојно да им се оддолжи“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, прифаќајќи ја иницијативата на претставниците на Клубот „Милтон Манаки“.

„Делото на Манаки, денес знаеме се чува на две места, дел во Кинотека на Македонија, тоа е филмскиот опус, а додека останатиот, фотографскиот опус се чува во нашиот Архив. Мене ми е многу драго што се презедоа одредени акции околу трајното зачувување на тој фонд, што ќе претставува големо историско и културно богатство, не само за Битола и Македонија, туку и за целиот Балкан. Заслугата на Милтон и Јанаки Манаки е огромна. Заедно твореле и создавалае, а заслугата на Јанаки е дотолку голема што успеал, поголемиот опус од нивното творештво да го зачува, за денес да го имаме ние и да го презентираме пред јавноста. Делото е големо и треба да се почитува и вреднува. Сакам да покренеме иницијатива, за догодина, кога ќе одбележуваме 60 години од неговото упокојување во градот да се направи една поголема манифестација во негова чест, но и во чест на Јанаки.“, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.

Continue Reading

Претходно: Се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон
Следно: Со овие подароци нема да згрешите: Што да им подарите на жените за 8-ми Март?

Поврзани вести

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај milevski-ffm-1536x1024 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

04/12/2025 12:08
Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

04/12/2025 07:29
Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози Soobrakjaj 3
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

04/12/2025 07:27
Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование sobranie 4
  • Вести
  • Македонија

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

04/12/2025 07:27
ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата dksk 5
  • Вести
  • Македонија

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

04/12/2025 07:26

Можеби сте пропуштиле

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
IMG_4351
  • Култура
  • Настани

Гости од Вуковар за Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола

Шеталиште 04/12/2025 07:33
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани