Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата

Шеталиште 24/06/2025 17:01
Mickoski-Mincev

Државниот службеник секаде и тука претставува огледало за тоа што претставува државата. Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија, порача денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на јавните службеници во организација на Министерството за јавна администрација.

Во своето воведно обраќање, Мицкоски посочи дека денешниот ден не е само формалност, туку повик за реформи за како што рече, конечно надминување на  болестите кои предолго ја разјадувале јавната администрација.

– Денешниот ден не е само формалност, тој е и повик. Повик за пресврт, повик за реформа, повик за конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадуваа јавната администрација и за кои мораме да бидеме свесни: партизација, непотизам, неефикасност, клиентелизам. Дојде време за промена. Вистинска промена. Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа. За време во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално, рече Мицкоски.

Се осврна на реформите направени во рамки на јавната администрација. Изминатата година, тој нагласи дека има започнато акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“  за која, рече, претставува основа за транспарентен и одржлив процес на консултации при изработка на законите. Истакна дека е направена корекција на балансерот, за што рече, од политичка алатка е трансформиран во инструмент на праведност.

– Реализирани се над 100 обуки, а преку новата е-платформа LMS, над 100.000 службеници имаат пристап до курсеви, тестирања и евалуации. Се дигитализираше и надгради Системот за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, со што за прв пат институциите имаат реална, точна и целосна слика за кадарот, учинокот и потребите. Се усвои стратегијата за реформа на јавната администрација, усогласена со методологијата на ЕУ и стандардите на СИГМА – стратегија што не стои во фиока, туку се применува секојдневно … Правевме корекција на балансерот – од политичка алатка, го трансформиравме во инструмент на праведност. Праведност наместо политичка математика. Се унапредија порталите ЕНЕР и OGP – овозможувајќи на граѓаните директно учество во креирање и следење на политиките. Родовата еднаквост и социјалната инклузија се интегрирани како норма во сите политики – не како привремена агенда, туку како вредност на оваа Влада, рече Мицкоски.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Претрес во демирхисарско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице
Следно: Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни

Поврзани вести

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 1
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29
МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 2
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 3
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 5
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани