Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Одбележан јубилејот – 100 години авијација во Битола

Шеталиште 12/10/2025 09:10
Aeroklub Bitola

Аеро-клубот „Мирко Тодоровски“ на спортскиот аеродром „Логоварди“ одбележа јублеј – 100 години авијација во Битола.

Според документација во клубот, првите летови над градот се регистрирани во 1925 година, а во 1935 била воспоставена редовна авионска линија на релација Белград – Ниш – Скопје – Битола – Солун.

На свечена академија, што се одржа под мотото „СТОлетие“, се обрати претседателот на клубот, Вања Атанасов.

– Нашите клубови 30 години се соочуваат без инстуционална поддршка за финансиска или материјална помош и затоа вљубениците во аматерското воздухопловство лично помагаат за опстојување на клубовите. Но и покрај тоа, во последниве години се забележува развој и напредок на воздухопловството. Во аеро-клубот „Мирко Тодоровски“ активни се четири секции, односно моделарската секција чии членови освојуваат светски одличја, активна е падобранската секција, потоа секција за моторно летање и едриличарска секција. Иако оставени ветрометина сепак успеваме да го одржуваме во живот воздухопловството во Битола. Во моментов, столб на клубот е Васко Михалчев, познат воздухопловец кој 45 години е активен член на клубот, ги почитуваме сите членови, вклучувајќи ги највозрасните Јован Свидерски и Благој Атанасов, кои имаат по 87 години, како и најмладата членка – Марија Котевска, која има 17 години, нагласи Атанасов.

На свечената академија се обратија и амбасадорот на Австрија во земјава – Мартин Памер, членот на клубот – Игор Божиновски и градоначалникот на општина Битола – Тони Коњановски.

– Почитуваме сѐ што ентузијастите направиле за аеро-клубот „Мирко Тодоровски“. Општина Битола издвојува многу средства за спортот, а во наредниот период, локалната самоуправа ќе поддржи и додели 10 стипендии за целосна обука на ученици, кои сакаат да летаат со едрилица, посочи Коњановски.

На свеченоста на портскиот аеродром во Логварди крај Битола беше отворена изложба, спомен – плоча поставена на ѕид на славни воздухопловци, а имаше и надлетувања што ги следеа битолчани, како и гости – претставници на Агенција за цивилно воздухопловсто, Контрола на летање, клубови од Куманово, Штип, Скопје и од Прилеп.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Сиљановска-Давкова: Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да станеме стандардна европска држава
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: 14 милиони евра од само една зделка на Марковски компани со РЕК и ЕСМ, дали овие пари завршиле кај Заев и Филипче во Бугарија?

Поврзани вести

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани