Со достоинство, благодарност и заедништво, вечерва беше одбележан 35-годишниот јубилеј на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола – три и пол децении политичка истрајност, идеја и борба за подобра иднина на Битола и Македонија.
На настанот Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА Пеце Милевски изрази искрена благодарност до основачите и првите членови, кои ја поставија темелната идеолошка рамка на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Тие се генерацијата која ја внесе надежта за промени уште во времиња кога тоа беше чин на храброст.
Во свечена атмосфера беше претставен Тони Коњановски како кандидат за втор мандат за градоначалник на општина Битола, човекот кој во изминатиот период реализираше проекти и го постави темелот за уште поголеми успеси во иднина.
Присутен беше и Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја истакна важноста на Битола како силен бастион на партијата и порача дека поддршката за Коњановски значи избор за стабилност, развој и нови инвестиции.
Битола секогаш знаела да го избере вистинскиот пат патот на работа, вредности и визија.
Со нова енергија продолжуваме напред за силна Битола и силна Македонија!
Фото: ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола









