Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Одбележување на Денот на албанската азбука во Битола

admin 22/11/2024 00:00
00000001-1109-660x432-1

Под покрителство на првиот вицепремиер Изет Меџити вечер во 19 часот во Дом на културата во Битола ќе биде одржана свечена академија по повод Денот на албанската азбука.

Со него се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука.

Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик.

Затоа 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава. Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година.

Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.

Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место.

За претседател на Конгресот бил избран Мидхад Фрашери, а потпреседатели биле Лиуѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Киријази, чија сестра, Парашќеви Киријази, била единствената жена на конгресот.

Киријази го објавиле и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Азбуката прифатена на Битолскиот конгрес денеска се користи секаде каде што живее албанско население.

Според бројот и важноста на учесниците, Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20 век, за што сведочат и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола.

Таа содржи 56 фотографии и повеќе од 230 документи во дигитална и хартиена форма, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462 година, превод на албански јазик на евангелието, повеќе варијанти на албанската азбука што се користеле до усвојувањето на современата албанска азбука, како и одлуката за создавање модерна азбука на албанскиот народ.

Во Собранието во 11 часот ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во државата. Добитници се педагогот проф.

д-р Авзи Мустафа и универзитетскиот професор проф. д-р Африм Османи.

Двајцата добитници се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

НУ Музички Ансамбал на Република Северна Македонија-Тетово вечерва со почеток во 19:00 часот на сцената на Центарот за Култура во Тетово ќе го одржи концертот „Под ноемвриските звуци“.

На сцената ќе се претстават симфонискиот оркестар под водство на диригентите Агона Чупи и Премтим Етеми, како и познатите солисти: Бесарта Муртезани, Јетмир Реџепи, Леотрим Зејнула, Дајана Малолари Пајазити и Бетим Шабани.

На репертоарот ќе бидат изведени маестрални дела на познати албански композитори, делови од опери и арии.

Continue Reading

Претходно: Германија го објави кризниот план во случај на војна со Русија
Следно: Интер сака да го доведе Алекс Мерет следното лето

Поврзани вести

Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44
Screenshot_17
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

РК Вардар 1961 во машка и ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција ги освоија 18. и 19. пехар во своите истории (Видео)

Димитар Петковски 19/04/2026 20:45
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција Screenshot_20260419_150257_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

20/04/2026 13:52
За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија goriva-1 2
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

20/04/2026 13:32
Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

20/04/2026 10:44
Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари market-kosnicka 4
  • Економија

Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари

20/04/2026 10:43
Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами branovi-japonija-2 5
  • Свет

Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами

20/04/2026 10:01

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
goriva-1
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

Шеталиште 20/04/2026 13:32
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (20.04.2026)

Шеталиште 20/04/2026 10:46
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани