Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Вести
  • Македонија

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Шеталиште 20/06/2025 12:58
Katerina Panik Mircovska

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, а се подобруваат условите за пациентите и во кочанската болница, беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата.

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска, в.д. директор на Општата болница – Кочани, информираше дека во соработка и со Владата донесени биле потребните креми за апликација на изгорениците – првата пратка веќе пристигнала во болницата и дел од неа во одморалиштето на Пониква. Стигнати биле и лепенки што пациентите долго ги барале, првата пристигната тура броела 95 лепенки.

Веќе биле потпишани договори со ГОБ „8 Септември“ за пулмолози, се работело на списоци со пациенти на кои им е неопходен преглед кај пулмолог. Паниќ – Мирчовска нагласи дека ќе се направи список на потреби, распоред за пулмолошки прегледи, што ќе се одвиваат во Општата болница – Кочани.

– Во однос на компресивната облека, можам да ги кажам првите искуства од терен. Значи, веќе на 58 повредени им е дадена компресивната облека и тие ја носат. Веќе имаме видливи позитивни промени на самите лузни, истакна таа.

На плус други 14 лица им биле направени мерења за носење компресивна облека.

– Најавата на претставниците од компанијата од Германија и на претставниците од претставништвото во Бугарија, ни е дека за две недели повторно ќе дојдат, да ги видат позитивните или негативните забелешки што ги имаат повредените во однос на компресивната облека, во однос на мерките и доколку се соодветни кај сите, ќе почне процесот на изработка на вториот пар на компресивна облека, а ќе им биде доставена и првиот пар компресивна облека на тие на кои им се направени мерки во текот на оваа недела, појасни Паниќ – Мирчовска.

Таа рече дека компресивната облека им дозволува да можат да ги извршуваат вежбите на физикална медицина, овозможува да се вршат секојдневни активности, а додаде и дека тоа е дополнителна заштита и од сончева светлина, бидејќи тие користат заштитен фактор 30 во самиот материјал од што се изработени.

Во текот на престојот на Пониква, за оние кои се во училиште, во план е да има средба и со нивни наставници, педагози и психолози од нивните училишта.

Владината портпаролка Марија Митева рече дека во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите бил предвиден во наредните три до четири недели.

– Сакам да информирам за тоа како оди текот на реконструкцијата. Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжува. Хидроизолација на објектот, поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа што ги поврзува и горните оддели над физикална медицина – конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати. Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи е дека по долги години се оспособува хидрантската мрежа што беше целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал, рече Митева.

Ова не е само реконструкција, нагласи таа, ова е „јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“.

Таа се осврна и на подобрувањата што биле извршени во Пониква.

– Исто така, таму се преземаат сериозни чекори за подобрување на условите во одморалиштето што веќе, морам да најавам од утре ќе ги прими и пациентите. Министерството за спорт целосно ги опреми двете игралишта за рекреација. Поставени се комарници, што се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани. За разлика од времето кога институциите беа оставени сами на себе, без основни средства и без визија, денес имаме како Влада – системски пристап, вложуваме во инфраструктурата, во безбедноста и во достапноста на здравствениот систем, додаде Митева.

Таа рече дека Кочани е приоритет и ќе продолжи да биде.

– Граѓаните имаат право на современи услови, а институциите имаат обврска истите да ги обезбедат. И ова што денес го гледаме, е, уште една потврда за нашата посветеност на Кочани, подвлече портпаролката на Владата.

Митева беше прашана околу ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе ги укине придонесите за новинарите, ако дојде во власт, до каде била оваа процедура и дали било разговарано за ова во Влада.

– Да и ова е една од состојбите за што разговараме со сите синдикати и верувам дека во периодот што следи, ќе излеземе и со официјален став за тоа како и кога ова ќе биде реализирано, одговори Митева.

Во врска со комисиите за историски прашања, таа беше прашана зошто не е соопштено за смената на членовите на комисијата за историски прашања со Грција, кои се новите членови на оваа комисија од македонска страна и зошто се држат во тајност средбите и на историската комисија со Грција и со Бугарија.

– Можам само да потврдам дека да, на затворена седница е направена промена на историската комисија со Грција. Меѓутоа, со оглед на фактот што станува збор за одлука што е донесена на затворена седница, ве замолувам деталите околу причините и кои се лицата, да бидат добиени од страна на надлежното министерство – тоа е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одговори владината портпаролка. бд/вј/

Фото: Принтскрин

Видео: Влада

Continue Reading

Претходно: Во Битола се одржа работилница „Работникот во фокусот на праведната транзиција“
Следно: Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

Поврзани вести

Dario Benderovski
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

Шеталиште 08/07/2025 12:59
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари

Шеталиште 08/07/2025 12:57
VMRO-DPMNE-ZNAM
  • Вести
  • Македонија

Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски

Шеталиште 08/07/2025 12:57
300_X_250
300X250
300 x 250
Веб Банер Голд Слот
WEBIART-BANER

Тренд Вести

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори Dario Benderovski 1
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

08/07/2025 12:59
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари vmro-dpmne 2
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари

08/07/2025 12:57
Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски VMRO-DPMNE-ZNAM 3
  • Вести
  • Македонија

Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски

08/07/2025 12:57
Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО Ohrid6-1-scaled 4
  • Вести
  • Македонија

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

08/07/2025 12:50
Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите Dragana Bojkovska 5
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите

08/07/2025 12:44

Можеби сте пропуштиле

Kajsija
  • Моја кујна
  • Рецепти

Панакота од кајсии – летна магија

Шеталиште 08/07/2025 13:10
Ajron Majden
  • Забава
  • Шоубиз

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Шеталиште 08/07/2025 13:04
1_cokolado
  • Забава
  • Занимливости

Македонците јадат 11,8 грама чоколадо на ден

Шеталиште 08/07/2025 13:02
Dario Benderovski
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

Шеталиште 08/07/2025 12:59

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање

2025 © Сите права се задржани