Битола, градот кој ја воспостави графиката како свој културен амблем, синоќа повторно го прослави овој универзален јазик преку една уникатна изложба која спојува две уметнички епохи и двајца генијални творци – Ранко Струмениковски и Леонард Готлиб.
Вчера, во 18:00 часот, во Галеријата, музејот и ателјето на Ранко Струмениковски, беше претставена изложбата на делата на светски познатиот аргентински графичар Леонард Готлиб, добитник на Гран При на Меѓународното графичко триенале во Битола. Изложбата е посветена на 88-годишнината од раѓањето на Ранко Струмениковски, човекот кој графиката ја направи гордост на Битола.
Замислете една средба – Ранко, со својата визија за графиката како израз на човечката душа, и Готлиб, со своите урбани лавиринти кои поттикнуваат грижа за природата. Физички, тие не можат да се сретнат, но вечерва нивната уметност ќе „разговара“ преку линиите и формите кои премостуваат времиња и континенти.
Кој е Леонард Готлиб?
Роден во Ресистенсија, Аргентина, тој е генијален графичар чии дела ги комбинираат емоциите и рационалноста. Со над 60 меѓународни награди, неговите графики се аларм за еколошката состојба и повик за акција. Неговата мисла „Моите графики ги тераат луѓето да се грижат за природата“ ја доловува суштината на неговото творештво.
Место: Галерија, музеј и ателје „Ранко Струмениковски”
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот. Согласувањето со овие технологии ќе ни овозможи да обработуваме податоци како што се однесувањето на прелистувањето или единствените идентификатори на оваа страница. Несогласувањето или повлекувањето на согласноста, може негативно да влијае на одредени карактеристики и функции.