Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Од болниците во Скопје денеска ќе се испишат 12 пациенти од трагедијата во Кочани

admin 25/03/2025 00:00
taravari

Од болниците во Скопје денеска ќе бидат испишани 12 пациенти кои беа хоспитализирани по трагедијата во Кочани, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари по одржаниот состанок со Кризниот штаб за состојбата на повредените од пожарот во Кочани.

Со тоа, како што рече Таравари, во болниците во Скопје ќе останат на лекување 27 пациенти.

„Во болниците има 39 пациенти од кои 12 се во Клиничкиот центар, 10 се во ’Свети Наум Охридски’, 10 во ’8 Септември’, а на приватните клиники се седум пациенти. Денес испишуваме 12 пациенти и ќе останат 27 што ќе се лекуваат во болниците во Скопје. На Детска клиника каде што имаше два пациенти нема да има ниту еден, а остануваат пациенти само на Пластична хирургија и на Токсикологија. Во старата градска болница од 10 пациенти ќе останат шест“,

рече Таравари на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека во странство остануваат да се лекуваат 115 пациенти, а најверојатно еден пациент од Белград денеска се враќа на понатамошно лекување во Скопје.

„Пациентот е во добра општа состојба, но минимум 24 часа мора да остане на една од клиниките и ќе биде направена тријажа“,

додаде Таравари.
Од пациентите што се лекуваат надвор од државата, рече тој, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

„За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде што овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период за нив“,

додаде министерот.
Тој додаде и дека до Министерството веќе стигнале понуди од неколку западноевропски држави за подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти.

„Тоа се пациенти кои после неколку недели ќе се вратат во Македонија, а тие што се потешки и каде што ќе треба подолгорочна и попрофесионална рехабилитација неколку земји веќе изразуваат подготвеност да ги примат“,

рече Таравари.
Вчера беа испишани 16 пациенти, а министерот најави дека неделава се очекува да бидат вратени осум пациенти од странство.

Continue Reading

Претходно: Застреланата социјална работничка е во добра состојба, колегите на протест бараат физичко обезбедување
Следно: Приведени ќерката и сопругата на сопственикот на „Пулс“

Поврзани вести

img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34
Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично policija-8 2
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

16/06/2026 06:53
Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме toplo-vreme 3
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

16/06/2026 06:51
Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа berzi-1.jpg 4
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

16/06/2026 06:50
Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 5
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26

Можеби сте пропуштиле

img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
policija-8
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

Шеталиште 16/06/2026 06:53
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани