Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции – ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу

Шеталиште 04/02/2026 15:56
Moj-termin

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го помовира новиот модул за електронска едвиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи. Пациентите што имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе може да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Министерот за здравство Алиу појасни дека на јавниот портал, кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството, ќе биде достапна листа на закажани елективни хируршки интервенции, со јасна категоризација на интервенциите и стандардизирани правила за внесување и ажурирање на податоците.

– Со ова првпат како држава воспоставувме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронската евиденција за закажаните интервенции во здравствените институции. Целта е секој пациент да ја добие услугата прв дојден, прв услужен, како што е во моментот. Евиденцијата на хируршки интервенции се води во системот „Мој термин“ преку издавање упат со тип на болнички упат за операција што се издава од специјалист хирург, со уникатен број на упат и со сите потребни податоци за типот на операција од листата на хируршки интервенции, како и податоци за пациентот – рече Алиу.

Тој при денешната презентација на новиот модул за електронска евиденција нагласи дека утврдиле и одредени неправилности, меѓу кои и тоа дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција.

– Второ, некои од установите и од лекарите користат друг тип на упат, конзервативен третман за евиденција на пациентите на листата, а лекарите ги водат листите во хартиена форма. И, трето, листите на чекање не се редовно прочистувани и од ова создаваат неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби на пациентите. Резултатот од анализата за 2025 година покажуваат значителна разлика меѓу бројот на реализирани упати, кој бил 58.648, податок земен од системот „Мој термин“, и реализирани операции – 93.510, исто така податок добиен од установите, што укажува на непочитување на законската регулатива – рече Алиу.

Министерот истакна дека на овој начин пациентите ќе знаат колкава е листата за чекање на елективни хируршки интервенции во болницата во која му е закажана интервенцијата, како и дека слободно може да пребаруваат по порталот и да добијат информации.

– Во однос на овие новини – до јавните здравствени установи што вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции со бројот на реализирани упати за операција во системот „Мој термин“. На крајот, уште еднаш сакам да потенцирам дека со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурсите, како и примена на европските практики во оваа област – истакна министерот за здравство, Алиу.

Фото: МИА 

Continue Reading

Претходно: Градоначалникот Проданоски: Се разгледува целосна реконструкција и модернизација на прилепскиот пазар
Следно: Клековски: Над 14.000 хируршки интервенции за тумори, но слаб одѕив за специјализации по патологија

Поврзани вести

20260216130149_big_730x400_71
  • Македонија

Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања

Шеталиште 16/02/2026 12:30
denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-01
  • Македонија

Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост – Што треба да правите?

Шеталиште 16/02/2026 12:29
sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци 20260216130149_big_730x400_71 1
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

16/02/2026 12:58
Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош 8 2
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

16/02/2026 12:43
Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

16/02/2026 12:39
Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево img_7764-1140x570-1-1044x522 4
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

16/02/2026 12:36
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396 20260216123229_big_730x400_79 5
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

16/02/2026 12:34

Можеби сте пропуштиле

20260216130149_big_730x400_71
  • Економија

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, се заоструваат критериумите за поддршката да оди кај вистинските земјоделци

Шеталиште 16/02/2026 12:58
8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

Шеталиште 16/02/2026 12:39
img_7764-1140x570-1-1044x522
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

Шеталиште 16/02/2026 12:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани