Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Од денеска заловување на бездомните кучиња во Битола

admin 27/01/2023 00:00
kucinja-bitola-2-1

Почнувајќи од утре 27.01.2023 година, до 03.02.2023, економскиот оператор согласно склучениот договор со општината за набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Битола, ќе врши заловување на кучиња на улицата „Партизанска“, на потегот од кружниот тек кај „Веро“ до раскрсницата со улица Никола тесла (кај Расчекор), инофмираат од општина Битола.

Во соопштението објаснуваат дека податоците за секое заловено куче се внесуваат во ветеринарно-информативниот систем и се однесуваат на: локација на заловување (гео координати), извршен тест за социјализација, аплицирана ушна маркица со број и ознака БТ, бар код од микрочип, извршен тест за детекција на антитела на лајшманија, хируршки зафат – кастрација или стерилизација, вакцинација против беснило со дехелментизација и податоци за враќање во реон на заловување или вдомување. На овој начин, се врши соодветен хуман третман на кучињата, но и заштита на населението, како од каснувања, така и од можноста за создавање средина која е потенцијален извор за пренесување на одредени зоонози и паразитарни заболувања.

Со цел, ефикасно делување и овозможување поддршка и соработка со граѓаните во спроведувањето на процесот на заловување, општина Битола ја известува јавноста дека:

– Сопствениците на кучиња не смеат да ги напуштаат домашните миленици (утврдено во член 26 став 2 од Законот)

– Домашните миленици задолжително да се движат во придружба на сопственикот со поводник – движење без поводник во придружба на сопственик е дозволено само во градскиот парк на местото означено како парк за миленици

– Сопствениците на кучиња, согласно закон се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

– При лоцирање на испуштање на кучиња, граѓаните задолжително да пријават на телефонскиот број 047208317

– Секое непочитување на Законот за заштита и благосостојба на животните да се пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во овој период, контролата на терен ќе биде зголемена и активно ќе се преземаат законски предвидените мерки, велат од општината и соопштија дека после вчерашната информација од Општина Битола, до општината доставени се две пријави, тие се евидентирани и по истите се постапува од страна на надлежните служби.

Continue Reading

Претходно: Во Офицерски дом отворена изложбата на Стојан Апчевски
Следно: Дневен хороскоп (27.01.2023)

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани