Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Од денеска отворени шалтерите на „Алта банка“ во Битола за клиентите без картички

Шеталиште 05/11/2026 09:01
Alta-banka-Bitola

Од денеска, 5 ноември, се отворени шалтерите во главната филијала на „Алта банка“ АД Битола за исплата на готовина на клиентите кои имаат платежни сметки, но немаат платежни картички. Според најавениот распоред, граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот дозволен износ за период од две недели.

Исплатата се организира во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр, објави 4news.mk 21 во Битола, каде за оваа намена се предвидени повеќе шалтери. Мерката особено ги опфаќа пензионерите и примателите на социјална помош кои немаат картички за пристап до своите средства.

Клиентите треба да добијат СМС-порака со точниот ден и час кога треба да дојдат во филијалата. Од банката апелираат да се почитуваат термините за да се избегнат гужви и подолго чекање.

За граѓаните кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите се наменети исклучиво за исплата на готовина, без можност за извршување други банкарски трансакции.

Од утре, 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени. Во тек се подготовки за овозможување исплата и во други градови, за што клиентите дополнително ќе бидат известени.

Паралелно со организирањето на исплатата, се приближува истекот на краткиот рок оставен на српската страна да се изјасни дали „Алта банка“ АД Белград ќе ги понуди на продажба акциите што ги поседува во битолската банка, објави 4news.mk

Гувернерот Трајко Славески претходно соопшти дека до надлежниот регулатор во Србија е испратено известување со барање за изјаснување во рок од три дена. Доколку белградскиот сопственик не ги понуди акциите, продажбата ќе ја преземе Народната банка преку Македонската берза, согласно законските процедури.

Славески најави понуда на акциите на Берзата по истекот на десет дена и посочи дека веќе постои интерес од потенцијални инвеститори од земјата и од странство. Целта е да се обезбеди нов сопственик кој ќе ги исполни регулаторните услови и ќе придонесе за стабилно работење на банката.

Continue Reading

Претходно: ЕХФ ЕУРО 2028: Македонија убедлива против Луксембург, следен на “менито” e јужниот сосед (Фото)
Следно: Златото и среброто денеска бележат раст

Поврзани вести

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

Васка М.Младеновска 13/11/2026 14:38
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 2
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 3
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 4
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38
Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп Alta-banka-Bitola 5
  • Економија

Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп

13/11/2026 14:26

Можеби сте пропуштиле

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани