Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Од денеска само еден воз дневно меѓу Скопје и Битола – граѓаните револтирани

admin 25/10/2023 00:00
607741

Утринава, неколку минути пред седум часот, во Скопје пристигна возот од Битола.

Од денеска тој ќе биде единствениот што ќе го поврзува градот на конзулите со главниот град, по одлуката на МК Железници за редуцирање на линиите.. Воз од Скопје-Битола и обратно ќе има еднаш дневно. Во 3.13 часот ќе тргнува од Битола, и во 14.30 во спротивен правец.

Патниците кои ги затекнавме при излегувањето од возот, велат дека се разочарани за укинување на линиите, и патувањето сега дополнително им се отежнува.

„Ако не е тој воз, и ако го пропуштиме, ќе немаме друг како да си појдиме до Прилеп. Често патувам со воз, барем еднаш неделно или двапати. Ќе има сега потешкотии ама тоа е, што да се прави“.

„Во 3.13 минути тргнува од Битола. Повратен е во 14.30. Итна ни е работата, треба на клиники да одиме. Мораме со него да одиме и најефтино е. Ако свршиме работа ќе се вратиме, ако не, други средства ќе бараме“.

Ако порано железничкиот сообраќај во земјава бил главна сообраќајна артерија на народите од поранешна Југославија и претставувал гордост во Македонија, денес е фрлен на колена.

Имун на ваквите случувања не може да остане ни Борис Стојановски, кој повеќе од четири децении работел во МК Железници. Со тага во очите, раскажува за златните времиња на железничкиот транспорт во земјава.

„На времето имаше седум пара возови во еден правец. Од Скопје до Битола и обратно исто беа седум возови, од кои пет патнички и два брзи возови. Едниот беше наутро, од Љубљана за Битола, а другиот од Скопје за Битола. И сите беа максимално искористени. Наместо да се зголеми патничкиот сообраќај, ова е катастрофа. Луѓето од Азот и прилепскиот крај немаат никаков превоз освен воз. – Борис Стојановски – поранешен вработен во МК Железници.

Сега, единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно.

Пред неколку месеци пак, беа укинати сите четири пара возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје, што ги револтираше жителите на кумановскиот крај, а со години нема возови за Кичево и Кочани.

Continue Reading

Претходно: Куче влета на стадионот во Битола и го прекина натпреварот Пелистер-Тиквеш
Следно: Наградата за животно дело за тројца прилепчани по повод „3 Ноември“ – денот на градот

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани