Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Од денес Берлин и Париз ќе бидат поврзани со ноќен воз

Шеталиште 27/03/2026 09:15
germanija-voz-zeleznica

Од денес, ќе биде можно да се патува меѓу францускиот и германскиот главен град со ноќен воз. Првиот воз на холандско-белгиската кооператива „Европски спипер“ ќе тргне од париската станица „Гар де Нор“ вечерва и се очекува да пристигне во Берлин за 15 часа. Ќе биде можно да се патува меѓу двата главен града преку Брисел ноќе три пати неделно, јавуваат странските новински агенции.

Првиот воз ќе тргне од Париз денес во 18 часот, а ќе пристигне во Берлин во 9 часот наутро во петок. Цените за еднонасочен билет по лице во класични купе за спиење за четири до шест патници почнуваат од 79,99 евра, според веб-страницата за резервација на билети на кооперативата „Европски слипер“.

Возот ќе тргнува од Франција кон Германија во вторник, четврток и недела, а во спротивна насока во понеделник, среда и петок. Ќе има меѓустанки во Олној, Брисел и Лиеж, а од 13 јули ќе биде додадена станица во Хамбург, Германија пренесува проверено. 

Оваа нова врска делумно ќе ги замени ноќните возови меѓу Париз и Берлин и меѓу Париз и Виена, кои накратко беа повторно воспоставени со голема помпа од француските железници SNCF, германските Deutsche Bahn и австриските ÖBB на крајот од 2023 година, пред да бидат прекинати во декември 2024 година. Тие беа прекинати бидејќи француската влада престана да обезбедува субвенции од десет милиони евра што беа неопходни за нивната економска одржливост, објавува француската новинска агенција AFP.

Кооперативата „Европски слипер“, основана во 2021 година, управува со три ноќни возови неделно помеѓу неколку европски градови – Брисел, Ротердам, Амстердам, Берлин, Дрезден и Прага. Исто така, планира да ги поврзе Брисел и Милано од септември, а исто така се стреми да го зголеми бројот на возови помеѓу Брисел и Берлин на шест возови неделно.

Ноќните возови се многу барани бидејќи сè повеќе луѓе избираат да патуваат на долги растојанија со воз. Сепак, државните железници се жалат дека не се исплатливи. Ова делумно се должи на фактот што ноќните возови остануваат на пругите во текот на денот, додека Интер Сити Експрес, на пример, сообраќа неколку пати на ден по истата рута и затоа е поекономичен, јавува германската новинска агенција ДПА. 

Continue Reading

Претходно: В недела завршува зимското сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред
Следно: Денес се празнува Преподобен Бенедикт

Поврзани вести

tramp5-660x446
  • Свет

Трамп прогласи продолжување на примирјето со Иран, но мировните преговори остануваат неизвесни

Шеталиште 22/04/2026 06:03
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
20260421091505_big_730x400_58
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

Шеталиште 21/04/2026 07:52
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето 57_alikj-adi_sileks-1536x1112 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

22/04/2026 13:02
Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории dsc_0110-1536x1078 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

22/04/2026 12:58
Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен 1000613319 3
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

22/04/2026 11:08
Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат 20260422123521_big_730x400_12 4
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

22/04/2026 10:43
Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ hipp 5
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

22/04/2026 10:37

Можеби сте пропуштиле

IMG_2865
  • Култура
  • Настани

„Низ детските очи“, книга за деца од новинарката Маја Богоевска

Шеталиште 22/04/2026 13:08
57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
1000613319
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

Шеталиште 22/04/2026 11:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани