Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Од денес започна да функционира новата авионска линија Охрид – Виена

Шеталиште 22/06/2026 07:18
austrian

Летовите на „Аустријан ерлајнс“ ќе се реализираат двапати неделно, а според вицепремиерот Николоски, ова е огромна шанса за туристички и економски развој и подобро поврзување на македонскиот туристички центар

Утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид слета првиот авион на компанијата „Аустријан ерлајнс“, со што официјално беше означен почетокот на новата редовна авиолинија на релација Виена – Охрид. Оваа линија ќе функционира двапати неделно, секој четврток и недела, овозможувајќи му на охридското крајбрежје директна врска со уште една европска метропола.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оцени дека воведувањето на оваа линија е од огромно значење за развојот на охридскиот аеродром, како и за економско-туристичкиот подем на целиот регион.

Тој посочи дека Виена е еден од најголемите воздушни центри во Централна и Источна Европа, кој нуди преку 200 конекциски летови кон 66 држави низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка. Дополнителна тежина, според него, дава фактот што овие летови ги реализира „Аустријан ерлајнс“, која е меѓу десетте најголеми европски авиокомпании, што е потврда за квалитетот на услугите и сериозноста на инвестицијата.

„Македонија денеска е препознаена на мапата на многубројни туроператори и авиокомпании. Со активните мерки за поддршка го развиваме авиосообраќајот, го зголемуваме туристичкиот потенцијал на државата и обезбедуваме поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните. Како резултат на владините политики, директно се отворени 28 нови авиодестинации“,

напиша Николоски.

Со воведувањето на оваа дестинација, од охридскиот аеродром сега се оперираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни, а три се чартер-летови. Вицепремиерот напиша и оти во моментов се одвива целосна реконструкција на аеродромот во Охрид за подобрување на инфраструктурата и создавање услови за понатамошен раст, а главната цел е преку инвестиции и мерки за субвенционирање на нови линии, годинава да се опслужат повеќе од 3,5 милиони патници, а во годините што следат таа бројка да надмине четири милиони, што директно ќе се одрази врз развојот на економијата и туризмот пренесува 360.

Continue Reading

Претходно: Кошаркарската репрезентација ја има првата проверка во Самоков против Бугарија
Следно: АМСМ: Зголемена фреквенција на „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ – за влез во државата се чека околу половина час

Поврзани вести

czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

Шеталиште 16/07/2026 08:35
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот маченик Јакинт

Шеталиште 16/07/2026 07:56
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани