Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

Шеталиште 15/08/2025 08:04
knigi-696x467-1-585x393

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.

Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември.

Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.

Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.

Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.

Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува.

Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина.

Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба.

Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме!

Continue Reading

Претходно: Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот
Следно: Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни

Поврзани вести

Бесплатен интернет на 72 локации во 64 општини со поддршка од ЕУ и Германија
  • Вести
  • Македонија

Бесплатен интернет на 72 локации во 64 општини со поддршка од ЕУ и Германија

Васка М.Младеновска 10/11/2026 11:14
Screenshot_20261110_105635_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Новиот предводник на женската сениорска репрезентација: „Создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време, трпение, доверба и континуитет“

Димитар Петковски 10/11/2026 09:57
МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:46
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство

10/11/2026 13:50
Битолчанец управувал „бмв“ и покрај активната забрана за возење-полицијата го приведе Битолчанец управувал „бмв“ и покрај активната забрана за возење-полицијата го приведе 2
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец управувал „бмв“ и покрај активната забрана за возење-полицијата го приведе

10/11/2026 13:33
Проектите што ја менуваат сликата на Битола објавени во Општинскиот информатор Проектите што ја менуваат сликата на Битола објавени во Општинскиот информатор 3
  • Вести
  • Битола инфо

Проектите што ја менуваат сликата на Битола објавени во Општинскиот информатор

10/11/2026 11:55
МТЕЛ СУПЕРЛИГА: Драматична завршница и тесна победа на ТФТ против МКК Куманово (89:87) Screenshot_20261110_111825_Facebook 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

МТЕЛ СУПЕРЛИГА: Драматична завршница и тесна победа на ТФТ против МКК Куманово (89:87)

10/11/2026 11:45
Граѓаните да ги кажат своите приоритети: во Прилеп продолжуваат средбите за Буџетот за 2027 година opstina-prilep-1 5
  • Прилеп инфо

Граѓаните да ги кажат своите приоритети: во Прилеп продолжуваат средбите за Буџетот за 2027 година

10/11/2026 11:37

Можеби сте пропуштиле

За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство

Васка М.Младеновска 10/11/2026 13:50
Битолчанец управувал „бмв“ и покрај активната забрана за возење-полицијата го приведе
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец управувал „бмв“ и покрај активната забрана за возење-полицијата го приведе

Васка М.Младеновска 10/11/2026 13:33
SAFE
  • Промо

SAFE – нова можност за развој на микрофинансискиот сектор и подобар пристап до финансии за малите бизниси во Северна Македонија

Шеталиште 10/11/2026 13:17
plakat
  • Настани

Концерт во ЦК “Марко Цепенков” наловен “Од опера до безвременски македонски народни песни”

Шеталиште 10/11/2026 13:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани