Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 11/08/2026 04:03
Screenshot_20260811_060256_Chrome
Противник на македонската кадетска селекција беше Швајцарија, која имаше одличен старт и во еден момент водеше со дури 21 поен разлика. Но, македонските кадети покажаа карактер, одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт стигнаа до заслужена победа од 89:76.

Швајцарците одлично го отворија натпреварот, особено во шутот за три поени. Погодија шест од првите седум обиди зад линијата за три поени и по неполни осум минути имаа висока предност од 27:12.

До крајот на првата четвртина постигнаа уште една тројка, па по десет минути игра Македонија заостануваше со 16:30.

Во вториот период Илија Коневски донесе дополнителна енергија во играта, особено во нападот. Нашиот бек за кратко време постигна 15 поени и помогна разликата да се намали на едноцифрена.

Во 16. минута Македонија заостануваше со девет поени (33:42), но Швајцарците одговорија со серија од осум поени и повторно се одлепија на 50:33.

На полувремето противникот имаше предност од 53:37.

А потоа следуваше вистинскиот пресврт.

На почетокот од второто полувреме повторно стигнавме до едноцифрена негатива. По поените на Александар Зунзуровски, Македонија намали на 44:53.

На средината од третата четвртина, Дион Шабани го постигна својот 11. поен за 50:59, а по одличната акција на Зунзуровски и играта „2+1“, Македонија стигна до 53:61. Нешто подоцна беше и 56:63.

Нашите кадети продолжија да притискаат и со фантастична завршница на третата четвртина направија целосен резултатски камбек. Во последните десет минути влегоа со само три поени негатива – 64:67.

Во последната четвртина ги „добивме“ и Зунзуровски и Шабани, токму кога беше најпотребно.

Израмнувањето стигна во 32. минута. Александар Котевски реализираше четири поени во низа за 70:70, а тоа беше само најава за комплетниот пресврт.

Македонија во последниот период одигра одлично, го наметна својот ритам и целосно ја презеде контролата над натпреварот. Во второто полувреме нашите кадети постигнаа дури 52 поени, а примија само 23, за голема победа од 89:76.

Ова е втора победа за Македонија на шампионатот, за скор 2-2 по четири одиграни натпревари.

Најефикасен во македонскиот состав беше Илија Коневски со 26 поени и шест скока. Александар Зунзуровски постигна 19 поени, со четири асистенции и три скока, додека Дион Шабани реализираше 18 поени, со шест скока и три асистенции.

Македонија утре го игра последниот натпревар од групната фаза. Противник ќе биде Украина, а дуелот започнува од 18:30 часот.

Continue Reading

Претходно: Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)
Следно: Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење

Поврзани вести

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

14/09/2026 04:50
ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 4
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36

Можеби сте пропуштиле

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани