НАЈНОВО

Македонија

Од наредната година ќе почне проектот „Купи куќа за млади“

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска најави дека по Нова година ќе бидат познати условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот „Купи куќа за млади“.

„Сакам да најавам дека од следната година ќе почнеме да го развиваме проектот ‘Купи куќа за млади’ кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови. Затоа ги спремаме плановите и по Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом“, изјави Николоски, пред настанот во организација на Сојузот на стопански комори за иновативни решенија за паметни домови.

Поврзани новости