Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Од овој месец за 30 отсто поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 г. цените се изедначуваат

admin 04/10/2023 00:00
Azir-Aliu

Освен ова намалување, роаминг-услугите до 2026 година, како што рече Алиу, ќе се намалат за уште 30 отсто, а очекувањата се во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги што ги има на домашниот пазар.

Од овој месец стапи во сила договорот меѓу операторите на ЕУ и на Западен Балкан со кој има намалување на цените за роаминг-податоците во склоп на Европската Унија, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тоа, според Алиу, значи дека македонските граѓани сега имаат 30 отсто поевтин роаминг со земјите од ЕУ.

„Нашите граѓани и бизнисот од Северна Македонија кога ќе одат надвор веќе имаат 30 отсто помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ во РСМ ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг“,

рече министерот Алиу.
Во однос на тоа со договорот колкави би биле цените, Алиу рече дека тие се во надлежност на операторите.

„Операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан“, рече министерот Алиу.

Освен ова намалување, роаминг-услугите до 2026 година, како што рече Алиу, ќе се намалат за уште 30 отсто, а очекувањата се во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги што ги има на домашниот пазар.

„Тоа значи дека во 2028 година истите цени ќе ги имаме како внатре така и надвор од државата“, вели Алиу.

На новинарско прашање Алиу посочи дека сите оператори се согласиле да ги намалат цените и оти од операторите зависи како ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе информираат преку кампањи бидејќи станува збор за приватен сектор.

Во декември минатата година, на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија, кој се одржа во Тирана, телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и Западен Балкан потпишаа договор со кој се овозможува намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот.

Со договорот се предвидува, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ да имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ, а тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

На 1 јули 2021 година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Continue Reading

Претходно: Култивирање на успех – Евротип со нови иницијативи за поддршка на образованието
Следно: Правилата за граѓаните на Косово кои мора да ги почитуваат за патување во Шенген зоната од 1 јануари

Поврзани вести

678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15
20261012202429_big_730x400_43
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Шеталиште 13/10/2026 06:10
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 1
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 2
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 3
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 4
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08
Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 5
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29

Можеби сте пропуштиле

678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15
20261013090813_big_730x400_43
  • Рецепти

Кисели краставички – домашна зимница

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани