Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Од отпад до уметност: младите од Пелагонија ја претворија Битола во еко-работилница

Шеталиште 13/08/2025 12:43
IMG_2724

Улиците и парковите во Битола вчера беа исполнети со младинска енергија, креативност и зелена активност. Повеќе од 30 млади од Пелагонискиот регион и 9 граѓански организации , обединети преку Регионалната Платформа за Млади, излегоа на терен за да покажат дека отпадот може да добие нова приказна – ако му дадеме малку имагинација и љубов кон природата.

Денот започна со „Еко лов на богатство“ – динамична игра во која мешани тимови од различни општини тргнаа низ Тумбе кафе, Кај авионите и Градскиот парк во потрага по „скриените богатства“ на градот: отпадот кој другите го оставиле зад себе. Мисиите беа сè освен досадни – од сортирање отпад по боја, до снимање TikTok видеа, пишување еко-поезија и креативни „пред и потоа“ фотографии.

Но вистинската магија се случи во апциклирачката работилница – таму пластичните шишиња се претворија во каси за парички, старите тегли во светилки, а отпадните садови во украсни саксии. Секој предмет беше доказ дека апциклирањето не е само еколошка потреба, туку и уметност.

„Кога на нешто старо ќе му дадеш нова функција, не спасуваш само предмет – спасуваш и дел од планетата,“ порачаа младите, додека низ видеа ја раскажаа својата приказна до врсниците низ целата Пелагонија.

Дел од програмата беше и интерактивното предавање на Марија-Магдалена Петковска Микаровска од организацијата „Слој по Слој“, која ги запозна младите со светот на second-hand културата и одржливата потрошувачка.

Акцијата заврши со јавна изложба, споделување впечатоци и доделување награди – но и со нови идеи како заедно да се продолжи во борбата за почиста, поубава и поодржлива Пелагонија.

Овој настан е дел од проектот „Младински политики по мерка на младите“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас а го организираше Европска Гледна Точка од Новаци во тесна соработка со Про Локал од Битола. Акцијата е  една од мерките усвоени на Регионалната Платформа за Млади, која  од идеја до реализација  ги обедини сите 9 граѓански организации и 9општини во заедничка мисија: младите да бидат двигатели на позитивни промени.

Continue Reading

Претходно: Два инцидента со параглајдеристи во Крушево – еден во безсознание е итно пренесен во Скопје, другиот бил заглавен на дрво
Следно: Личната борба ја преточи во песна – Слушнете ја “Молитва” на Ивона Јо

Поврзани вести

dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09
Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови dozd-soobrakaj_1000_625-1 3
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

16/04/2026 07:08
Златото денес се тргува по 131 евро за грам 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 4
  • Економија

Златото денес се тргува по 131 евро за грам

16/04/2026 06:37
Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 5
  • Македонија

Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад

16/04/2026 06:23

Можеби сте пропуштиле

20260415131242_big_730x400_61
  • Рецепти

Чизкејк со јагоди

Шеталиште 16/04/2026 09:38
naslovna900_x_600
  • Промо

Помеѓу финансии и човечност – гест што значи повеќе од бројка

Шеталиште 16/04/2026 07:17
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани