Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Од пладне до полноќ на Бадник во Битола, Спилеон од картонска кутија – уште една незаборавна традиција

Шеталиште 06/01/2026 12:53
Badnikari-bitola

Синоќешните коледарски огнови и утринските коледари го најавија Бадник кој во Битола денеска се слави од пладне до полноќ.
Битолчани претпладнево од градскиот пазар купуваат овошје, костени и ореви за празничната трпеза, но и бадникови гранчиња кои ги поставуваат на влезната врата од домот.

– Подготвени го дочекуваме празникот. Посните питулици, а јас ги подготвувам со лук, подготвени се за печење, а на трпезата ќе има гравче и посни сарми. Но, до полноќ, кога на Бадник секој треба да биде буден, на трпезата ќе имаме и варени костени и многу овошје. На влезната врата поставуваме бадниково гранче од дабово дрво кое, како што е познато, е вечен симбол на најиздржливо и највековито дрво. Бадниково гранче чуваме и во домот до домашната икона, а ланското, како што прават и нашите соседи, го ставивме во синоќешниот коледарски оган, истакна нашата соговорничка Мирјана Кузманова.

Најмладите битолчани Бадник почнуваат да го слават од пладне кога собрани на плоштадот „Магнолија“  учествуваат на традиционалната Бадникова поворка.

– Деновиве изработувавме бадникови ѕвезди кои на денот на празникот ќе бидат во рацете на децата од нашиот град. Најнапред ќе го посетиме храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, а потоа по Широк сокак ќе се упатиме до битолскиот Офицерски дом каде поворката завршува со собир на сите деца кои со ѕвездички во рацете уште еднаш ќе потсетат на Витлеемската ѕвезда која според преданијата се појавила на небото кога се родил Господ Исус Христос, посочи Никола Ѓоргиев, кој и годинава со своето дете се вклучува во Бадниковата поворка.

Велат, за Бадник кај и да си – дома да си! Така ќе биде и вечер кога семејствата ќе се соберат на вечера со богата трпеза и посна храна.

– За разлика од другите градови, во Битола имаме уште една незаборавна традиција која јас како повозрасен ја пренесов на моите внучиња. Пред празникот од картонска кутија изработивме „Спилеон“ или како што ние го викаме „Спиљон“, мала пештера која ја симболизира Витлеемската пештера. Дечињата тропаат од врата на врата најавувајќи го Христовото раѓање. Спилеонот вечер ќе биде во наша непосредна близина и така на Бадник ќе го чекаме Божик, потсети пензионерот Петар Петровски (75), честитајќи ги празниците со пораката – За многу години!

Како некогаш, секогаш, така и годинава, во црквите и манастирите на преспанско-пелагониската епархија на Бадник, пред Божик се одржуваат црковни богослужби.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Лепче со паричка на Бадник или на Василица
Следно: ФОТО: Со Бадникова поворка Прилеп го одбележа празникот Бадник

Поврзани вести

reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49
1b45d7b1-8551-4b07-8c3d-09dad9d0a1ed-1536x984
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години поразена од САД на натпревар одигран во Бугарија

Димитар Петковски 08/06/2026 15:37
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани