Граѓаните очекуваат дали ќе има ново поскапување на горивата или конечно стабилизирање на цените, по неколкуте последователни корекции во изминатиот период. Минатата недела бензините и дизелот повторно поскапеа, што дополнително влијаеше врз трошоците за транспорт и секојдневните расходи.
Одлуките за новите цени традиционално се објавуваат во понеделник, а промените почнуваат да важат од 00 часот.
Движењата на светските пазари и натаму имаат силно влијание врз домашниот пазар на горива. Осцилациите на цената на суровата нафта се поврзуваат со глобалната неизвесност и случувањата на Блискиот Исток, како и со стравувањата од можни проблеми во снабдувањето.
Од Владата посочуваат дека состојбата внимателно се следи и дека остануваат во сила мерките и договорените попусти со ОКТА, кои треба да важат до средината на месецот.
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека Македонија и понатаму има меѓу најниските цени на горивата во регионот, поради што дел од граѓаните од соседните земји доаѓаат во државава да точат гориво пренесува банкарство.

