Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Од прилепските училишта во првото полугодие се испишале околу 130 ученици поради заминување во странство

admin 02/02/2023 00:00
Ucenici_zimski_raspust_prazni_klupi-702x336-2

За неполна една недела во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп поради заминување во странство се отпишале 5 деца, од кои само 3 утринава. Од 1 септември до денес 22 или за 4,5 години од ова училиште се отпишале 113 ученици кои заминале надвор од Македонија.

„Зборува со сите родители, нормално некои пробувате да ги одвратите, но тоа е залудно. Има повеќе причини за иселувањето, но коренот е во недовербата на институциите, голема корупција, политичка нестабилност, желба за подобар животен стандард, проблеми во здравството, во образованието. Едноставно родителите не гледаат перспектива тука за нивните деца“, вели Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

Бројките се уште попоразителни на ниво на Општина Прилеп. Од почетокот на школската година до денес од 10 основни и 5 средни училишта поради заминување во странство се отпишале околу 130 ученици.

„По разни основи е иселувањето, не мора секогаш тоа да биде финансискиот дел. Најчесто иселувањето е поради подобар живот, а во тој подобар живот не значи дека секогаш е само финансискиот дел“, додаде Гоце Бумбароски, одделенски наставник во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Според наставниците државата мора итно да работи на сите проблеми од кои произлегува масовната миграција, а една од причините било и немањето на стратегија за тоа какви кадри му се потребни на нашиот пазар на труд.

„Во моментов во Прилеп за вработување чекаат околу 400 наставници одделенска настава, а од друга страна дијаметрално спротивно немаме наставници по математика, биологија, хемија, географија, техничко, а ваму е пренатрупано, тука јас мислам дека е проблемот“, истакна Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

„Ова е една состојба која треба да не замисли сите нас возрасните, затоа што ние ги создаваме политиките и ги креираме условите во кои што нашите деца и ученици треба да растат, да се образуваат и да живеат“, потенцираше Гоце Бумбароски, одделенски наставник во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Доколку продолжи овој катастрофален тренд Македонија во иднина со сигурност ќе се остане држава на старци.

Извор: Сител

Continue Reading

Претходно: Стендап спектакл во Битола – Закажано е шоуто на Никола Тодороски
Следно: „Ги запознаваме ретките болести“ – Мал замислен проект, а сега Национална кампања

Поврзани вести

FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19
Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
Screenshot_17
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

РК Вардар 1961 во машка и ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција ги освоија 18. и 19. пехар во своите истории (Видео)

Димитар Петковски 19/04/2026 20:45
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани