Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Од студентска клупа до работно место – приказната на Анамарија со програмата за стипендисти на КС Групација

Шеталиште 09/10/2025 10:53
DSC_5413

Замислете да сте студент кој сонува за успешна кариера, а уште додека студирате ви се отвораат вратите кон вистински работни искуства. Тоа не е само идеја, туку реалност што веќе третата година по ред ја нуди КС Групација преку својата Програма за стипендисти – во соработка со образовните институции.

Програмата на КС Групација им овозможува на најдобрите студенти не само финансиска поддршка за време на студиите, туку и летна пракса во една од нашите компании.

Таму, теоријата од факултетските клупи се претвора во реална практика – со вистински луѓе, вистински проекти и вистински предизвици. А најдобрите приказни не завршуваат со праксата – тие продолжуваат со вработување.

Така започна и патувањето на Анамарија. Минатото лето, таа ја помина својата пракса во Евротип, а денес веќе е дел од нашиот тим. Од студентска клупа – до работна маса. Од теорија – до професионална пракса. Од сон – до реалност.

Интервју со Анамарија – од студент до дел од тимот на Евротип

На кој факултет студираше и во која насока?

“ Студирав на Меѓународен Славјански Универзитет, на Факултетот за економија и организација на претприемништво, насока менаџмент и претприемништво.”

Колку од тоа што го учеше на факултет успеа да применеш во пракса?

“ Голем дел од теоретското знаење што го стекнав на факултет ми помогна полесно да се вклопам во практичната работа.”

Какво беше чувството првиот ден во Евротип и како изгледаше твоето искуство за време на праксата?

“ Првиот ден бев возбудена и со мала трема, но тимот на Евротип многу топло ме пречека и ми помогна брзо да се прилагодам. За време на праксата имав можност да се запознаам со реалното функционирање на една голема компанија,со различни оддели и процеси.

Секој ден носеше нови предизвици и нови знаења.”

Што најмногу научи и што ти остави најсилен впечаток?

“ Најмногу научив колку е важна тимската работа и комуникацијата во една компанија.

Секој вработен има своја улога и кога сите заедно функционираме како тим, резултатите се далеку подобри. Најсилен впечаток ми остави професионалниот однос и посветеноста на колегите, кои и покрај големиот обем на работа секогаш беа подготвени да помогнат.”

Како изгледаше процесот од пракса до вработување?

“ Процесот од пракса до вработување беше многу мотивирачки. За време на праксата имав можност да се запознаам со работните процеси и со тимот на компанијата, а исто така работев и на реални задачи. Тоа ми помогна побрзо да се прилагодам и без проблем да продолжам како дел од тимот.”

Што би им порачала на идните стипендисти кои ќе ја започнат својата пракса преку програмата на КС Групација?

“Би им порачала да бидат отворени за нови искуства. Практичната работа е најдобар начин за учење и развивање на вештини кои не се стекнуваат од книги. Да бидат посветени, активни и да ја искористат оваа можност максимално, затоа што праксата може да им отвори врати кон нивната идна кариера.”

Порака до идните генерации

Приказната на Анамарија е доказ дека младите таленти имаат простор да растат и да блеснат тогаш кога ќе им се даде вистинска шанса. А ние во КС Групација веруваме дека вложувањето во младите е најдобрата инвестиција за иднината – и на компанијата, и на заедницата.

Затоа, ако сте студент кој сака да го претвори учењето во искуство, аплицирајте. Можеби токму вашата приказна ќе биде следната што ќе ја раскажеме. Повеќе информации околу програмата за стипендирање тука.

КС Групација – семејство на компании

КС Групација е динамична и растечка бизнис заедница составена од повеќе компании кои делуваат во различни области:

Компаниите што ја сочинуваат КС Групација се: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент.

Наместо само програма, ова е патување. Наместо само пракса, ова е приказна што веќе пишува нови поглавја.

Continue Reading

Претходно: М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори”
Следно: Коњановски: Битолчани и во иднина ќе добиваат субвенции за инвертери, за сончеви колектори

Поврзани вести

616133675_2010734732994112_1085790838448351906_n
  • Промо

Како текстилниот отпад станува можност за зелени и инклузивни работни места

Шеталиште 15/01/2026 17:27
mint_store_verifikuvan_e_trgovec
  • Промо

Довербата има свој знак – Mint Store со беџ за верификуван е-трговец

Шеталиште 15/01/2026 15:24
DSC_1181
  • Промо

Василица – традиција што нè обединува

Шеталиште 15/01/2026 15:17
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани