Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

Шеталиште 14/08/2025 14:09
subvencioniran-studentski-obrok-2023-4-1068x755-1

Министерството за образование и наука информира дека од утре почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Во  повикот објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање.  Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот може да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата. Апликантите треба да се државјани на Република Северна Македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, кои ги поседуваат МВР, УЈП и студентските служби на факултетите.

-Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, наведува МОН.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

-Можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти секој месец од академската 2025/2026 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат, информира Министерството за образование и наука.

Continue Reading

Претходно: Маркетите веќе ги поставуваат ознаките за домашните производи, во тек и регистрација на платформата makedonskonajdobro.mk
Следно: Музика, енергија и многу љубов – 17ти роденден на The Hounds во Прилеп

Поврзани вести

toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично policija-8 1
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

16/06/2026 06:53
Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме toplo-vreme 2
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

16/06/2026 06:51
Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа berzi-1.jpg 3
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

16/06/2026 06:50
Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

Шеталиште 16/06/2026 06:53
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
berzi-1.jpg
  • Економија

Цените на нафтата паднаа, индексите на берзите пораснаа

Шеталиште 16/06/2026 06:50
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани