Од утре метеж на граничните премини со оглед дека почнува продолжениот викенд. Традиционално, најмногу гужва се очекува на границите со соседна Грција.
Овој викенд, граѓаните ќе го празнуваат Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, кој се празнува на 24 мај, но бидејќи се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделникот, односно 25 мај.
Фејсбук страната Пат до Грција, издаде предупредување до туристите за можно гужви за влез во Грција поради ова.
„Патниците кои планираат да заминат кон Грција преку Македонија во наредните денови треба да сметаат на поголеми гужви, особено на граничните премини Евзони и Дојран.
Како што пишуваат, се очекува зголемена фрекфенција на поголем број патници кои ќе ги искористат слободните денови за краток одмор во Грција.

