Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Од 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто

Шеталиште 23/12/2025 15:08
Bislimovski

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

-Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четврт блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде 2,28 отсто или 57-70 денари на месечната сметка.

-За 63,86 отсто од домаќинствата или 517 400 кои имаат потрошувачка само во прв блок и во евтина тарифа зголемувањето на месечната сметка е 2,28 проценти. За 20,97 проценти или 169 900 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок зголемувањето на месечната сметка е 2,59 отсто или 70 денари. За 1,73 отсто или 14 000 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79 отсто или 370 денари и за 0,55 отсто или 4 400 домаќинства  во прв, втор, трет и четврти блок кои се вкупно 4 400 или 0,55 отсто, зголемувањето на месечната сметка е 3,22 процента или околу 900 денари. Попрецизно, едно домаќинство од прв блок со потрошувачка 210 киловатчасови и евтина тарифа од 227 киловатчасови ќе има повисока месечна сметка за 57 денари или 2,28 отсто, домаќинство од блок 1 со 210 киловатчасови, од втор блок со 420 киловатчасови и евтина тарифа од 682 киловатчасови ќе има повисока сметка за 70 денари или 2,59 отсто, додека домаќинствата од прв, втор и трет блок кои се вкупно 14 000 или 1,73 отсто од потрошувачите че имаат повисока месечна сметка за 2,79 отсто или 370 денари. За домаќинства во прв, втор, трет и четврти блок кои се вкупно 4 400 или 0,55 отсто, ќе имаат за 3,22 отсто повисока сметка или за околу 900 денари. Вкупно 517 400 домаќинства или 63,86 отсто ќе имаат зголемување од 2,28 отсто. Тие во прв и во втор блок се 20,97 отсто или 169 900 домаќинства со 2,59 отсто поскапување, информира Бислимовски.

Тој напомена дека и покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

-Ако се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која сега е 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари, односно ќе се зголеми за 28 проценти. како резултат на тоа, ако се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46 отсто, вториот блок за 7,19 проценти, третиот за 5,77 отсто., четвртиот за 2,69 и евтината тарифа за 13,51 процент. Со оглед на овие податоци, РКЕ црвсто останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема поптреба да биде укинат, објасни Бислимовски.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се корегира за 2,50 проценти.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении за долгорочен, одржлив и правичен развој
Следно: Манасиевски: Жерновски и Филипче се доказ дека во СДС нема нов почеток, туку кадри кои се симбол на неуспех, предавство и скандали

Поврзани вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
zlato-960x540-1
  • Економија

Цените на златото и среброто достигнуваат рекордни нивоа

Шеталиште 16/01/2026 07:34
UJP-foto
  • Вести
  • Економија

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат

Шеталиште 14/01/2026 17:51
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани