Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Од 14 јули крај на „слободните“ гивавеј, за секое подарување ќе бара дозвола и ќе се плаќа 18 проценти надомест

Шеталиште 09/07/2026 10:25
podarok-1

Организирањето giveaway-и во Македонија добива нови правила. Со примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, која започнува на 14 јули, за првпат се воспоставува законска рамка со јасни обврски за сите што организираат подарувања преку интернет и други платформи пренесува слободен печат.

Според новите правила, секој организатор ќе мора однапред да обезбеди дозвола од Министерството за финансии. Барањето за дозвола треба да се поднесе најдоцна 30 дена пред почетокот на giveaway-от, а организаторите ќе треба да достават документација за наградите, регистрацијата, финансиската состојба и исполнувањето на законските обврски.

Новина е и воведувањето надоместок за организирање на giveaway, кој ќе изнесува 18 проценти од вкупната вредност на наградниот фонд. Овој износ ќе треба да биде платен пред почетокот на играта, во рок од три дена од добивањето на дозволата. Доколку надоместокот не биде уплатен навреме, дозволата ќе биде одземена.

Организаторите ќе имаат обврска јавно да ги објават правилата на играта пред нејзиниот почеток, а имињата на добитниците и резултатите ќе мора да бидат објавени најдоцна три дена по извлекувањето или утврдувањето на наградите. Наградите ќе мора да бидат исплатени или преземени во рок определен со правилата на играта, но тој рок не смее да биде подолг од 60 дена од објавувањето на резултатите.

Законот детално определува што мора да содржат правилата на giveaway-от – информации за организаторот, производите или услугите што се промовираат, условите за учество, времетраењето, начинот на избор на добитници, вредноста на наградите, постапката за приговор и забраната за учество на вработени кај организаторот и нивните најблиски членови на семејството.

Според новите одредби, еден giveaway нема да смее да трае подолго од една година. За првпат со закон се дефинира и самиот поим giveaway. Тој се смета за игра на среќа во која учеството се стекнува преку активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а се организира со цел промоција на производи или услуги преку интернет, мобилни уреди или други платформи.

Со новата регулатива, Министерството за финансии очекува поголема транспарентност, јасни правила за организаторите и поголема заштита за учесниците во наградните игри.

Continue Reading

Претходно: ФК Пелистер продолжува со градење на тимот – договори со Грозданоски, Стојановски и Крстевски
Следно: Клековски: Лекот „фостер“ од 1 август ќе биде достапен со партиципација од 280 денари, а „ксарелто“ од 1 јануари за 160 денари

Поврзани вести

zesko-sonce
  • Вести
  • Македонија

Високи температури денес, утре локално нестабилно време

Шеталиште 11/07/2026 07:27
Kujna Rustika Veding Hol
  • Вести
  • Македонија

Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција – конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

Шеталиште 10/07/2026 13:33
Aleksandar-Nikoloski
  • Македонија

Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот

Шеталиште 10/07/2026 09:38
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 3
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 4
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 5
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани