Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Од 2027 година задолжителна е-фактура: УЈП ќе ги следи трансакциите во реално време

Шеталиште 11/09/2026 07:16
text___max_1433_807

Управата за јавни приходи е во напредна фаза со воведувањето на системот за е-фактура, а задолжителната примена по фази се очекува да започне во текот на 2027 година, најави директорката на УЈП, Елена Петрова.

Според Петрова, до крајот на 2026 година треба да биде донесен законот, да заврши поставувањето на софтверот и хардверската инфраструктура, како и да започне доброволното користење на е-фактурата.

Таа ова го посочи на панел-дискусијата во рамките на „Охрид 2026“, насловена „Даночни приходи, даночен јаз и борба против неформалната економија: посилни јавни финансии и подобра усогласеност со ЕУ“.

Петрова оцени дека една од најзначајните промени ќе биде начинот на кој даночната администрација ќе ги добива и обработува податоците. Наместо агрегирани информации од даночните пријави, УЈП преку е-фактурата ќе располага со структурирани податоци за секоја трансакција и фактура, вклучително и информации за продавачот, купувачот, артиклите и други даночни показатели важни за оданочувањето. објави Скопје1.мк

Значително ќе се промени и брзината со која УЈП ќе има пристап до информациите. Додека сега податоците преку даночните пријави се добиваат по завршувањето на даночниот период, со е-фактурата тие ќе бидат достапни во реално време, веднаш по издавањето на фактурата.

Според Петрова, тоа ќе овозможи поинаков пристап во даночната контрола. Дел од контролите ќе можат да се автоматизираат и да се вградат директно во процесите, со што ќе се намали можноста за намерни или ненамерни грешки, како и за доставување неточни податоци.

Со поврзување на информациите од е-фактурите со податоците што УЈП веќе ги добива од банките, Царината, фискалните уреди и други извори, ќе се овозможи подобра анализа на ризиците, откривање невообичаени шеми и поврзаности меѓу компаниите и препознавање сомнителни трансакции.

Петрова нагласи дека дигитализацијата нема веднаш да ги елиминира обидите за даночно затајување, но значително ќе го намали просторот за прикривање трансакции и ќе го олесни нивното откривање.

Крајната цел е УЈП постепено да се трансформира во даночна администрација чие работење и носење одлуки ќе се темелат на податоци и анализа на ризици.

Continue Reading

Претходно: Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
Следно: Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

Поврзани вести

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 4
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 5
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани