Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Онколози од Скопје секој петок прегледуваат пациенти во Клиничката болница во Битола, објавени термините за август

Шеталиште 29/07/2025 15:09
OGqnWhJ

Онколози од Kлиниката за радиотерапија и онкологија од Скопје секој петок продолжуваат со прегледи на онколошки пациенти во Клиничката болница во Битола, соопштија од Управата на Болницата.

Со ваквата соработка меѓу Клиниката и Битолската болница, пациените од Битола и поширокиот Пелагониски Регион наместо да се мачат и да патуваат на прегледи за одредени малигни заболувања во Скопје, ќе можат да се прегледаат на Онколошкото одделение при Клиничката болница во Битола.

Ваквата пракса започна пред неколку недели, а Болницата веќе ги објави тремините на онколошките специјалисти кои во август ќе вршат прегледи во Битола. На 1 август доаѓа асистент. д-р. Марина Иљоска, на 8 август проф. д-р. Виолета Клисаровска, на 15 август доц. д-р. Ненад Митрески и на 22 август м-р д-р. Мери Пешевска.

„Онколошкото одделение при Клиничката болница ‘Др. Трифун Пановски’ Битола од неодамна започна со редовни прегледи на онколози од Скопје, што значително ја олеснува медицинската грижа за пациентите во Битола и регионот. Онколозите од Скопје ќе прегледуваат во Битола секој петок во рамките на иницијатива за поголема достапност на здравствените услуги со цел обезбедување квалитетна и локална грижа за пациентите“, соопштија од Битолската болница.

Битола е еден од градовите со најголем број на пацинети со малигни заболувања, а на Онколошкото одделение при Клиничката болница доаѓаат болни од целиот Југо-западен Регион во државата.

 

 

 

Извор: СДК

Continue Reading

Претходно: Коњановски: Подобри услови за учениците во „Таки Даскало“ со инвестиција од 50.000 евра
Следно: Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами

Поврзани вести

policija-bt-1
  • Битола инфо

37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети

Шеталиште 06/11/2026 11:47
20261104233200_big_730x400_48
  • Битола инфо

Со свечена академија одбележан денот на ослободувањето на Битола

Шеталиште 05/11/2026 09:10
Alta-banka-Bitola
  • Битола инфо

Од денеска отворени шалтерите на „Алта банка“ во Битола за клиентите без картички

Шеталиште 05/11/2026 09:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите kartichki-860x484 1
  • Економија

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите

06/11/2026 12:46
ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци vardar-5-1536x1098 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци

06/11/2026 12:26
Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“ 800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr 3
  • Свет

Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“

06/11/2026 11:48
37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети policija-bt-1 4
  • Битола инфо

37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети

06/11/2026 11:47
16 – годишна прилепчанка го пријавала вонбрачниот партнер и неговиот татко за физички напад policija-8 5
  • Прилеп инфо

16 – годишна прилепчанка го пријавала вонбрачниот партнер и неговиот татко за физички напад

06/11/2026 11:46

Можеби сте пропуштиле

kartichki-860x484
  • Економија

Можно е да не можете да плаќате преку банка викендов – сите банки ги менуваат системите

Шеталиште 06/11/2026 12:46
vardar-5-1536x1098
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје сака да избегне пораз и во Кавадарци

Димитар Петковски 06/11/2026 12:26
800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr
  • Свет

Нови дојави за бомби во авиони ширум Европа, овој пат мета „Рајанер“ и „Визер“

Шеталиште 06/11/2026 11:48
policija-bt-1
  • Битола инфо

37 – годишен битолчанец лишен од слобода – кај него пронајдени 30 ленти со таблети

Шеталиште 06/11/2026 11:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани