Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

Шеталиште 14/07/2026 10:08
onlajn-pazaranje-pxb-1

Онлајн купувањето во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а граѓаните и компаниите сè повеќе ги користат дигиталните канали за трговија. Според најновите податоци на Народната банка на Република Северна Македонија за трансакции на продажни места за е-трговија, во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,35 милијарди денари, односно околу 265,95 милиони евра.

Ова претставува зголемување од 18,1 отсто во споредба со истиот период минатата година, објави 4news.mk Во податоците се вклучени купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, но и трансакциите на странски купувачи кај македонски онлајн трговци.

Кон домашните е-продавници во првите три месеци од годината биле реализирани трансакции во вредност од 9,6 милијарди денари, или 156,24 милиони евра, што е раст од 16,5 проценти на годишно ниво.

Од оваа сума, домашните корисници на платежни картички потрошиле 8,61 милијарда денари, односно 140,12 милиони евра, што претставува зголемување од 15 проценти. Во исто време, странските купувачи кај македонските е-трговци реализирале трансакции вредни 991,37 милиони денари или 16,2 милиони евра – раст од 32,5 проценти.

Податоците покажуваат дека македонските онлајн продавници сè повеќе успеваат да привлечат купувачи од странство.

Од друга страна, македонските граѓани продолжуваат активно да купуваат и од странски веб-продавници. Во првиот квартал тие реализирале онлајн набавки во вредност од 6,74 милијарди денари, односно 109,71 милиони евра, што е раст од 20,3 проценти во однос на лани пренесува 4news.

Расте и бројот на онлајн купувања

Покрај зголемената вредност, расте и бројот на реализирани дигитални трансакции. Во првото тримесечје од 2026 година биле направени 7,66 милиони онлајн купувања, што претставува раст од 16,4 проценти.

Кај македонските е-продавници бројот на трансакции достигнал 3,96 милиони, што е зголемување од 17,5 проценти.

Најголем раст е забележан кај странските корисници на платежни картички кои купуваат од домашни онлајн продавници. Бројот на нивните трансакции е зголемен за 44,4 проценти, што според анализите е показател за зголемената конкурентност на македонските компании на странските пазари.

Во исто време, домашните корисници кон странски е-продавници реализирале 3,27 милиони трансакции, што е раст од 12,2 проценти.

Почесто купување, но со помала вредност по трансакција

Анализата покажува дека иако вкупната вредност на онлајн купувањата расте, просечната вредност на поединечната трансакција кај домашните е-продавници благо се намалува, објави 4news.mk

Кај купувањата со домашни платежни картички кај домашни е-трговци, просечната вредност на една трансакција се намалила од 36 на 35,3 евра.

Кај странските картички кон македонските е-продавници просечната вредност паднала од 41,3 на 37,9 евра.

Од друга страна, кај купувањата на македонски граѓани кај странски е-продавници просечната вредност по трансакција се зголемила од 31,3 на 33,6 евра.

Вкупната просечна вредност на една онлајн трансакција во првиот квартал изнесувала 34,7 евра, што е раст од 1,5 проценти.

Отворени нови 59 онлајн продавници

Развојот на е-трговијата се гледа и преку бројот на нови дигитални продажни места. Во првите три месеци од 2026 година биле регистрирани 59 нови е-продавници.

Од Асоцијацијата за е-трговија оценуваат дека растот на бројот и вредноста на трансакциите покажува дека онлајн купувањето станува дел од секојдневните навики на потрошувачите.

Според нив, зголемениот интерес од странски купувачи за домашните е-продавници е сигнал дека македонските компании стануваат поконкурентни, а понудата на дигиталниот пазар продолжува да се проширува.

Continue Reading

Претходно: Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет
Следно: Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Поврзани вести

nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
nafta-1
  • Економија

Нафтата поскапува: неизвесноста околу Ормускиот Теснец ги загрижува пазарите

Шеталиште 10/08/2026 07:23
20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани