Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

Шеталиште 13/08/2026 09:38
769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска.

Според информациите од Центарот за јавно здравје – Битола, до 9 август годинава веќе се реализирани сите предвидени редовни активности за дезинсекција – три ларвицидни и три адултицидни третмани.

Сепак, поради прогласената епидемија на Западнонилска треска на дел од територијата на Скопје и потребата од дополнително намалување на бројноста на комарците, Општина Битола, во консултација со Центарот за јавно здравје – Битола, ќе спроведе дополнителни третмани.

Дополнителната ларвицидна дезинсекција ќе се спроведе на 19 август, додека адултицидната дезинсекција ќе се реализира од 23 до 27 август, согласно условите и динамиката на теренските активности.

Ларвицидниот третман е насочен кон уништување на ларвите во местата погодни за размножување на комарците, додека адултицидната дезинсекција ги таргетира возрасните комарци. Со комбинираното спроведување на мерките се очекува дополнително намалување на популацијата на комарци и потенцијалниот ризик од пренос на векторски заболувања.

Од Општина Битола информираат дека состојбата ќе продолжи да се следи во соработка со Центарот за јавно здравје и дека, доколку има потреба, ќе се преземаат дополнителни превентивни мерки.

Воедно, граѓаните се повикуваат да придонесат во контролата на комарците со отстранување на застојаната вода од дворови, тераси, саксии, садови и други места каде што комарците можат да се размножуваат.

Се препорачува и користење заштитни мрежи на прозорците и вратите, како и примена на соодветни мерки за лична заштита од убоди од комарци.

Continue Reading

Претходно: Германците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток
Следно: Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

14/09/2026 04:50
ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 4
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36

Можеби сте пропуштиле

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани