Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола и „Специјална олимпијада – Битола“ потпишаа Меморандум за соработка

Шеталиште 26/12/2025 14:43
3 memorandum

Општина Битола и Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“ денес потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување стратегиска, долгорочна и одржлива соработка насочена кон развој и поттикнување на спортските активности и инклузијата на лица со интелектуални попречености.

Согласно меморандумот потпишан од страна на градоначалникот Тони Коњановски, Општина Битола обезбедува институционална, логистичка и организациска поддршка за спортските активности и настани на спортскиот клуб, овозможување користење на спортски објекти соодветно на условите, временската достапност и процедурите на општината, поддршка во промоција на инклузивни спортски програми и јавни кампањи и соработка во развој на локални инклузивни политики и иницијативи.

Спортскиот клуб чиј претседател е Ана Котевска, реализира спортски тренинзи, програми и активности согласно стандардите на „Специјална олимпијада“, навремено информирање на општината за планирани активности од заеднички интерес, вклучување на лица со интелектуални попречености во спортски програми и натпревари и соработка со општински институции, училишта и спортски субјекти за развој на инклузивни спортски иницијативи.

Меморандумот кој се склучува на период од четри години, со можност за продолжување по меѓусебна согласност на страните има и заеднички активности околу организација на спортски манифестации, фестивали и  јавни настани, промоција на инклузивни вредности и подигање на јавната свест, развивање на програми за поддршка на тренери, волонтери и учесници и креирање услови за одржлив развој на програмите на „Специјална олимпијада“ во Битола.

Општина Битола

Continue Reading

Претходно: Новогодишен хуманитарен базар во Голд Фелициа
Следно: Корекцијата на цените за паркирање неопходна за одржливо управување со сообраќајот во Битола

Поврзани вести

20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52
enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани