Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Битола инфо
  • Вести

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“

admin јануари 10, 2025
nizepole

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и компанијата за превоз „МИГ Травел“, денеска ја реализира првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“.

Посета на скијачкиот центар „Копанки“ оствари градоначалникот Тони Коњановски каде беше информиран дека првиот ден го искористиле стотина битолчани.

-Драго ми е што граѓаните се задоволни што го искористија организираниот бесплатен превоз и ја поздравија иницијативата на Општина Битола, за можноста битолчани да уживаат во убавините на планината. Денеска посебен превоз беше обезбеден и за членовите од граѓанските здруженија за лица со попреченост. Реакциите на посетителите беа позитивни, со предлог да се продолжи со ваквите активности од страна на општината и во иднина, истакна Коњановски.

Бесплатниот автобуски превоз за ски центрите „Нижополе“ и „Копанки“ ќе се врши секој ден до 17 јануари со две автобуски линии, а патниците може да ги користат обележаните автобуски стојалишта во населбата „Карпош“, ракометно игралиште, Симпо, Ат пазар, Болница, Бела чешма, улица „Ружа Делчева“, Шехерезада, Орбис, месноста „Црн мост“, Веро и автобуско стојалиште во населба „Довлеџик“.

Continue Reading

Претходно: “Од срце за срце: Божикна приказна со MINT Fintech Group”
Следно: На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Поврзани вести

DUI
  • Вести
  • Македонија

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

Шеталиште јуни 17, 2025
Jane Micevski
  • Македонија
  • Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

Шеталиште јуни 17, 2025
Mile Taleski
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс

Шеталиште јуни 17, 2025
300_X_250
300 x 250

Тренд Вести

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата DUI 1
  • Вести
  • Македонија

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

јуни 17, 2025
ВМРО-ДПМНЕ: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат Jane Micevski 2
  • Македонија
  • Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

јуни 17, 2025
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс Mile Taleski 3
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс

јуни 17, 2025
Сиљановска-Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби Siljanovska Davkova 4
  • Вести
  • Балкан

Сиљановска-Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

јуни 17, 2025
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани Gradsko sobranie Los Angeles 5
  • Вести
  • Свет

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

јуни 17, 2025

Можеби сте пропуштиле

DUI
  • Вести
  • Македонија

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

Шеталиште јуни 17, 2025
Jane Micevski
  • Македонија
  • Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

Шеталиште јуни 17, 2025
Mile Taleski
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс

Шеталиште јуни 17, 2025
Marjan Ilievski
  • Спорт
  • Кошарка

Официјално: Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Шеталиште јуни 17, 2025
2025 © Сите права се задржани