Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Општина Прилеп започнува нова развојна фаза за градот вредна околу 8 милиони евра

Шеталиште 23/07/2025 09:40
3d PObeda2

Општина Прилеп во следниот период започнува нова значајна развојна фаза за градот и граѓаните.

“Во Владата на Република Македонија минатата недела официјално ги потпишавме договорите за реализација на проектите што ги поднесовме преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година. Со ова, Прилеп обезбедува нови инвестиции во вредност од приближно 8 милиони евра, насочени кон капитални проекти со директна корист за граѓаните.

Во наредниот период следуваат:

Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“,

Изградба на нов мост на ул. „Победа“,

Реконструкција на влезот на градот од правецот на Македонски Брод – ул. „Орде Чопела“,

Целосна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“ со нови електроинсталации,

Нови детски игралишта во центарот – зад Участакот – и во населбата Типски,

Изградба на водоснабдителен систем за село Лениште,

Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во Селце,

Поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица,

Интеграција на SCADA системот со ГИС платформа,

Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот (делови од бул. „Гоце Делчев“, ул. „Кузман Јосифоски“ и ул. „Ленин“),

Поставување полуподземни контејнери на 21 локација низ градот,

Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“.

Сите овие проекти се од витално значење и претставуваат директен одговор на реалните потреби на нашите сограѓани. Ова е доказ дека кога работиме посветено, визионерски и чесно – резултатите не изостануваат.

Потсетување:

Во 2024 година, преку првиот јавен повик, Општина Прилеп веќе обезбеди 3 милиони евра за:

Кружниот тек кај мостот „Табана“,

Изградба на дел од ул. „Победа“,

Реконструкција на водоводот во Карабдалица.

Водоводната мрежа е веќе завршена, а останатите проекти влегуваат во градежна фаза уште следната недела.

Ако го погледнеме вкупниот период од последните две години, можеме со гордост да кажеме дека, благодарение на поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Општина Прилеп обезбеди историска поддршка од 11 милиони евра директни инвестиции!

Но тука не застануваме!

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на уште два нови проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

„Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“

Финансиска поддршка: 2.500.000 денари

Цел: Набавка на мини багер за поефикасно и континуирано одржување на зеленилото низ градот.

И „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули“

Финансиска поддршка: 2.000.000 денари

Цел: Набавка на трактор со приколка и опрема за успешно пошумување и заштита на природниот локалитет.

Договорите за двата проекта се веќе потпишани и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое заедно ќе ги спроведеме активностите на терен.

Почитувани граѓани,

Ова не се само бројки – ова се конкретни дела. Ова се улици, мостови, водоводи, игралишта, решенија за животната средина. Ова е инвестиција во квалитетот на живот и во иднината на Прилеп.

Ќе продолжиме да работиме уште поодлучно, затоа што Прилеп заслужува многу – и тоа не само во зборови, туку и во дела!”- стои во соопштението од Општина Прилеп.

Continue Reading

Претходно: МВР: Предупредување за измама на социјалните мрежи
Следно: Рецепт за совршени американски палачинки – лесно и брзо

Поврзани вести

Screenshot
  • Прилеп инфо

Започнува примената на Упатството за надомест на штета од каснување од кучиња во Прилеп

Шеталиште 24/03/2026 11:36
bolnica-prilep-1
  • Прилеп инфо

Во прилепско 20 годишнo момче загина од струен удар

Шеталиште 16/03/2026 10:45
Screenshot_20260316_093219_Facebook
  • Прилеп инфо

Видео: Ученици од ОУ “Климент Охридски” од Прилеп со емотивен перформанс им оддадоа почит на ангелите од Кочани

Шеталиште 16/03/2026 08:38
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани