Општина Прилеп годинава за првпат обезбедува еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината.
Јавниот повик е објавен денеска, 2 септември 2026 година, а родителите и старателите ќе можат да поднесуваат барања за остварување на финансиската поддршка заклучно со 18 септември 2026 година.
Во рамки на повикот се опфатени условите за остварување на правото, потребната документација, начинот на поднесување на барањето, како и образецот кој треба да се пополни.
Од Општина Прилеп посочуваат дека мерката има за цел да обезбеди конкретна поддршка за семејствата и да им го олесни почетокот на образовниот процес на најмладите ученици.
Родителите и старателите можат да ги најдат сите информации и целосниот текст на јавниот повик на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.
3.000 денари за секое прваче – поддршка за најмладите прилепски ученици на почетокот од нивното училишно патување.

