Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
IMG_5301

Со свечен настан, Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола синоќа одбележа 36 години од своето формирање. На одбележувањето присуствуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со партиски функционери, членови, ветерани, Унијата на млади сили, Унијата на жени и бројни поддржувачи.

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакна дека силата на партијата отсекогаш произлегувала од нејзиното единство и довербата што ја добива од граѓаните.

„Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека довербата од граѓаните е обврска која мора да се оправда со конкретни резултати.

„Нашата победа има вистинска смисла само ако ја претвориме во подобар живот за граѓаните во нови работни места, повисоки плати и пензии, подобро здравство и образование, посилни институции и држава во која успехот зависи од трудот, знаењето и чесноста. Нашите најдобри денови не се зад нас, туку пред нас, доколку останеме блиску до народот и секоја победа ја сфатиме како нова обврска“, истакна Мицкоски.

Пред присутните се обрати и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Горан Исков, кој потенцираше дека битолскиот општински комитет е еден од најсилните во државата и дека секогаш знаел да одговори во клучните моменти.

„Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола е еден од најсилните во државава, секогаш подготвен да го препознава вистинскиот момент со точна реакција во клучните и пресудни битки. Пораката што вечерва ја испрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, уште еднаш ја потврди важноста на Битола и силата што ОК ВМРО ДПМНЕ ја има секогаш кога е најпотребно“, рече Исков.

Тој нагласи дека Општинскиот комитет ќе остане целосно посветен на новата визија за развој на Битола и ќе воспостави уште поблиска комуникација со граѓаните.

„ВМРО ДПМНЕ е посветено на новата визија за Битола и нејзините граѓани. Ќе бидеме постојано присутни меѓу граѓаните и упатувам јавна отворена понуда за соработка со сите. Ќе ги користиме сите современи начини на работа, затоа што денес политиката бара нов и поинаков пристап, брза реакција, непосредност и лидерство“, порача Исков.

Свеченоста заврши со порака за единство, продолжување на заедничката работа и нови успеси за ВМРО ДПМНЕ, Битола и Македонија.

Фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Continue Reading

Претходно: Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска
Следно: Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Поврзани вести

345678
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

Димитар Петковски 10/08/2026 15:59
dsc_4022-1536x1048
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Фабрис Тамба двоен стрелец за победа на Шкендија над шампионот Вардар (Фото)

Димитар Петковски 09/08/2026 23:33
FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк) 345678 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

10/08/2026 15:59
Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 2
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

10/08/2026 11:01
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција germansko-zname-650x396-2 3
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

10/08/2026 09:55
Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја 20260810091739_big_730x400_51 4
  • Балкан

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

10/08/2026 07:28
Денеска се слават Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се слават Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

10/08/2026 07:24

Можеби сте пропуштиле

345678
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

Димитар Петковски 10/08/2026 15:59
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

Шеталиште 10/08/2026 09:55
20260810091739_big_730x400_51
  • Балкан

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

Шеталиште 10/08/2026 07:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани